За амандманите, игнорирањето на договорот што сте го потпишале и менувањето на вашата историја

loading...

Џејсон Мико за СВЕСТ.МК

Владта на Република Македонија претстави четири амандмани на Уставот на Република Македонија кои Грците ги бараат врз основа на Преспанскиот договор. Можете да ги прочитате тука. Вреди да се спомне – со голема доза на иронија, дека во дополнителните материјали во кои се објаснуваат амандманите, Владата многу внимава на тоа да го користи името „Македонија“, иако, само неколку пасуси погоре, во самите амандмани, предлага ова име да се замени со „Северна Македонија“. Ова ми покажува дека тие самите немаат верба во договорот што го потпишале, во процесот на неговото имплементирање и во иднината. Исто така треба да се спомне дека премиерот тврди дека овие предложени амандмани се дело на осумте одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои им дадоа еелено светло ан СДСМ и на ДУИ да продолжат со овој цел дебакл. Некој треба да ги праша дали ова се навистина нивни амандмани. Јас се сомневам во тоа. Подготвен сум да се обложам дека овие амандмани само ќе предизвикаат дополнителни проблеми со, под а. – Грците, под б. – партиите на етничкото албанско малцинство во Македонија, под в. – одметнатите пратеници кои гласаа за договорот и под г. – со граѓаните кои не сакаат да го сменат името, идентитетот и Уставот.

Кога веќе сме на темата на амандманите, и на целиот процес, изгледа дека и владата на Македонија и владата на Грција се чувствуваат комотни и се подготвени да го прекршат договорот од Преспа уште пред да го ратификуваат. Премиерот Заев рече дека целиот процес на менување на Уставот треба да се завшри до срединат на јануари. Но, во договорот (член 1(4)(е)) стои дека Македонија ќе го комплетира процесот на менување на Уставот до крајот на 2018 година. Се чини дека целиот договор претставува повеќе низа на насоки отколку што е важечки правен документ.

Интересен е и овој детаљ за кој не се зборуваше многу во медиумите: во Преспанскиот договор стои дека Стручно-дисциплинарниот комитет на експерти на историски, археолошки и образовни прашања, и кој е составен од претставници на министерствата за надворешни работи на двете држави веќе почнал со работа. Барем така јавува МИА. Што значи тоа? Ако се навратите на овој договор на 19 страници (кој малкумина го прочитале), погледнете го членот 8 (5) кој се однесува на овој комитет. Во интерес на моите читатели, го пренесувам тука целиот член 8 (5) со мои забелешки и подвлечени делови.

„Ворокодеденмесецодпотпишувањетонаовааспогодба (што се случи на 17 јули 2018 година), Странитепрекуразменанадипломатскиноти, нарамноправнаоснова, ќеформираатЗаедничкиинтередисциплинаренкомитетнаекспертизаисториски, археолошки и образовнипрашања, којштоќегоразгледуваобјективнотонаучнотолкувањенаисторискитенастанизаснованонаавтентични, заснованинадокази и научноиздржаниисторискиизвори и археолошкинаоди(што значи дека овие одлуки ќе ги носат избрани политичари и неизбрани, именувани бирократи)МинистерстватазанадворешниработинадветеСтраниќејанадгледуваатработатанаКомитетот, а восоработкасодругинадлежнидржавнивласти (значи, повторно имаме избрани политичари и неизбрани бирократи). Комитетотќеразгледа и доколкуутврдидека е соодветно, ќеизврширевизијанакоибилоучебници и помошнинаставниматеријаликакоштосекарти, историскиатласи, наставниупатствакоисекористатвосекојаодСтраните, восогласностсоначелата и целитена УНЕСКО и СоветотнаЕвропа. Заоваацел, КомитетќедефинираконкретнивременскирамкизадасеобезбедидекавосекојаодСтранитенитуеденучебникилипомошеннаставенматеријалштосекористивогодинатапопотпишувањетонаовааспогодба(значи до јуни 2019 година) несодржикаквибилоиредентистички/ревизионистичкиупатувања(којќерешавазаова? – Грција, се разбира).Комитетот, истотака, ќегипроучи и новитеизданијанаучебниците и помошнитенаставниматеријали, какошто е предвиденовоовојчлен (што ќе се однесува и на националните симболи, спомениците, јавните објекти, инфраструктурата, знамињата и друго). Комитетотредовноќесесостанува, а најмалкудвапатигодишно и ќеподнесувагодишенизвештајзасвоитеактивности, како и препоракикоитребадабидатодобрениодСоветотзасоработканависокониво, којќесеформиравосогласностсочлен 12 (во членот 12 се дефинира овој „Совет за соработка на високо ниво“. Во него ќе, секако, ќе членуваат премиерите на двете држави. Замислете како овој совет ќе функционира кога Нова Демократија ќе дојде на власт во Грција, што ќе се случи во 2019 година).

Еве што ова значи. Родителите, учителите, бабите и дедовците, сите загрижени за образованието на децата на Македонија, мора да бидете свесни дека вашите учебници, наставни материјали, мапи, атласи и помошни материјали кои ги користат вашите деца ќе бидат сменети и тоа драстично. А што мислите дека ќе се случи доколку било кој од загрижените родители и учители го крене гласот и се побуни против ваквите промени во образованието? Грција секако ќе каже, како што и во минатото силеџиски бараше (преку нејзините соработници во меѓународната заедница) да се почитува принципот дека „ние сме во клубот, а вие не сте“. Оттаму, доколку сакате да влезете во ЕУ и НАТО, и покрај тоа што веќе целосно сте се понижиле себеси, сте го смениле Уставот, се само-накажувате, ќе мора самите да побарате од вашите господари уште по една клоца во задникот.

(Потсетувам, сите кои сте заинтересирани и сте подготвените да одвоите малку време, можете да го прочитате целиот договор тука. А одделни елементи од договорот, за кои веќе коментирав, се достапни тукатукатука и тука).

Мислите дека ова е едноставен договор со кој само се менува името? Не е така. Овој договор содржи немерливо повеќе промени и доколку биде спроведен во целост, како што го замислиле неговите автори и потписници, тој потенцијално ќе го избрише македонскиот народ.

Освен ако не се кренеме против него.

Што е добрата вест, прашувате? Има начини како овој договор да се спречи, и сега и во иднина. Веќе наведов некои од овие начини, а ќе продолжам да ги посочувам, бидејќи за Македонија вреди да се бориме.

пишува: Џејсон Мико

loading...

Поврзани статии