ЗАЕВ: Мукоски се извини, се извинивме и јас и Џафери, но правниот систем мора да важи!

Суштината на формирањето на Кооординативното тело за помирување е да помогне во превенирање на политички кризи, во олеснување на пронаоѓање квалитетни решенија за реформите, во нивна имплементација, но и да даде помош во делот на помирувањето заради евентуално политичко мешање во правни процеси, истакна вечерва Зоран Заев. Тој одговарајќи на новинарско прашање на брифингот во Владата посветен на Планот 18, во врска со неговите очекувања од работата на Координативното тело и разликата околу термините помирување и амнестија, напомена дека нашето општество има сериозна потреба од помирување, поради длабоката политичка поделеност.…

повеќе

Вака ќе изгледа новата преамбула на Уставот. Значи во 1944 год. сме ја формирале Република Северна Македонија ??

Со фактот што Охридскиот рамковен договор станува дел од Уставот се отвора можноста за слободно толкување на Уставот и со тоа дефакто повеќе Законот за јазици нема да биде против уставен, а се отвора можноста и за федерализација и кантонизација на Македонија, бидејќи се и сешто може да биде протолкувано дека е во духот на рамковниот договор, а со тоа согласно Уставот. Од Уставот се брише и АСНОМ само за да се задоволат грчките барања, односно се брише еден од најважните документи кои ја потврдуваат државотворноста на македонскиот народ. (Преамбула)…

повеќе

Бришењето на одлуките од АСНОМ се најголемите понижувања на секој Македонец

Во емисијата “Отворено” на ТВ Алфа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека бришењето на одлуките на АСНОМ е задоволување на барањето на Грција која го испорача до ОН во 1993 година. Милошоски потсети дека тогашниот министер за надворешни работи на Грција барал ОН, Македонија да не се прими за членство со објаснување дека АСНОМ за нив преставува неприфатлив иредентизам. Тој притоа посочи дека тогаш во тоа време ваквиот предлог го имаат одбиено Глигоров, Кљуев како премиер а го одбиле сите премиери и претседатели досега, затоа што не биле уценети.…

повеќе

„Ја мразам Македонија, никаква е“ – пакува куфери со години, а никако да се отсели

Вие заглавени на половина пат сте најтрагични. Сеете негативна енергија, мрачите сè околу себе, тапкате во место, сонувате за некои подобри краишта, но повторно сте тука. Колку луѓе околу вас откако ги знаете говорат против Македонија, ги нагласуваат сите негативни страни на својата татковина и пакуваат куфери? Но, никако да тргнат накај аеродром и да си купат билет во еден правец. Е тие се најтрагични. Секоја чест на оние што собрале храброст и тргнале на друго место, каде ќе бидат дојденци, за да си бараат подобро утре. И секоја чест…

повеќе

Ѕинго ја „патосираше“ Авировиќ, убаво е што се грижи за синот, но не е претставник на СПМ

Раководството на СПМ е изненадено од одржаната пресконференција на пратеничката Владанка Авировиќ за дадената изјава дека е претставник на СПМ во издвоената пратеничка група. Ова се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија. Голем број членови сето тоа го прифатија со изненадување и негодување. Никој ниту е делегиран ниту е испратен од СПМ во таа група пратеници да ја претставува СПМ. Колку и да сакаме да го разбереме нејзиното присуство во таа пратеничка група заради незамисливата, неправедна правно несватлива пресуда на нејзиниот син, поврзан со процесираниот предмет, реализираната обврска…

повеќе

Роналдињо пред банкрот

Роналдо де Асис Мореира, попознат како Роналдињо, се соочува со банкрот. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан е во финансиска криза и на неговата банкарска сметка има само шест евра, јавија бразилски медиуми. Во 2015 година, Роналдињо беше казнет со парична казна од 2,5 милиони долари за штети, нанесени на животната средина и кон природата. Поранешниот фудбалер изгради магацин и риболовна платформа на забрането место. Роналдињо (38) не ја плати казната што доведе да остане без пасош поради долгови. Износот на банкарската сметка на фудбалската ѕвезда не го спречува Роналдињо…

повеќе

Лазаревски: Бев подготвен да го скршам дискот со прислушуваните разговори ако ме фатеа

Статија на Нова Македонија   Првите документи ги изнесов на екстерен диск што Звонко Костовски ми го даде во ходниците на МВР, изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“, објаснувајќи дека, доколку го застанеле и прашале што е тоа бил спремен да го скрши. Според Лазаревски, првпат Звонко Костовски „експлодирал“ во 2010 година, но тогаш извадил само СМС пораки на це-де, а првите документи ги криптирал на екстерен диск. Документите ги чувале во база на податоци, која ја крстиле „алес“. Појасни дека откако Звонко се нафатил да…

повеќе

Со Преспанскиот договор ќе нема Mакедонски народ надвор од Северна Македонија!

КОЧИ ЗА ВИЕНЕР ЦАЈТУНГ: Се запечатува вистината околу бруталната грчка анексија на Егејска Македонија во 1913   Од „Виенскиот Весник„ од 12.10.2018: Цитат: „Изненадувањето на 30ти септември беше големо. Кај балканските коресподенти и амбасади во Скопје, кај бриселската елита која допатува за поддршка на истата влада која со “regime change” беше донесена на власт од ЕУ и САД и да ја поддржува до последно и во медиумите. На САД и НАТО итно му е потребна Македонија како место за заокружување на Русија, за да ја совладаат „евроазиската шаховска табла…“ „Терминот “македонски”,…

повеќе

Алијансата на Албанците ја напушти средбата кај Џафери

Во Собранието на Република Македонија се одржува координативната средба за формирање на комисијата за помирување и интеграција на иницијатива на независната пратеничка група. Кратко по почетокот на средбата од неа замина претставникот на Алијансата на Албанците Сурија Рашиди кој рече дека многу е нејасна иницијативата и тоа кој со кого треба да се помирува. – Се доби впечаток дека се работи за дневно-политичка потреба, за отворање на мала врата за протуркување на идејата за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, рече Рашиди. Алијансата за Албанците, според него, е за…

повеќе

Анкета: Се намалува довербата на граѓаните во институциите и граѓанските организации

Генерално, се намалува довербата на граѓаните во институциите во земјата, но и во медиумите и во граѓанските организации. Само полицијата и обрзованието ја уживаат довербата од половина од граѓаните, додека сите останати институции имаат доверба на помалку од 40 проценти од испитаниците. Најниска е довербата во судството, потоа во Државната комисија за спречување на корупцијата, здравството, пазарната инспекција и обвинителството. Ова се дел од резултатите од септемвриската анкета за јавното мислење за полицијата од страна на агенцијата Ипсос, со 1028 граѓани, а во рамки на проектот „Пулсот за полициски интегритет…

повеќе