Ана Ангелска : ДА НЕ НИ СЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ ГОЛЕМИТЕ СРАМОВИ

loading...

Колумна на Ана Ангелска за www.media24.mk

Не е изненадување, не е неочекувано, оти се досега комплетно е во манирите на нивното владеење,само што со четврто ноемвриското сквернавење претераа со дрскоста и безумието.
Ако досега, локалната власт “водена” од Наташа манифестираше слепа послушност кон врхушката од Скопје во најголемиот дел и единствена “храброст” локалниве властодршци покажаа во завршувањето на свои лични работи (вработување на браќа, сестри, мажи, жени и себевработување) со наградите за 4 Ноември, а веројатно повторно заслепени од “моќта” на нивното “лидерство” отелотворено во Заев, продолжија докрај да ја понижуваат Битола и битолчани, газејќи најбесрамно врз достоинството и честа. Да, Виолета Томовска е недискутабилна како уметник, но и неа ја посрамотија и оцрнија, оти излезе многу вулгарно дека со повикот за гласање за договорот од Преспа си ја заслужи наградата. Срамота, колку многу ја усрамија и обезвреднија !!! Виолета Томовска, за понижувањето извини од мое име и да не ни се за многу години ваквите големи СРАМОВИ !!!
А, наградата за Литовски е само потврда дека машината на ХУНТАТА е вклучена на најсилно. Апсурдот веќе не е поимот, кој што може да го именува ова лудило. За каков литературен придонес зборувате со неговите колумни и засрамете се или и тоа е во целиот галиматијас (лечењето на личните фрустрации и комплекси) да наградувате на 4 Ноември некој кој што сега работи и борците (тие го предложија -страшно) и АСНОМ и Македонија да ја избриши и ревидира! Неспособни сте за работа, а многу дрски кога потчинето спроведувате директиви и нечие самоволие! Засрамете се !!! Ама, Вие и со тоа одамна немате проблем! Ало!!!
А, во меѓувреме, Наташа, сигурна сум, ќе ги реши проблемите и ќе одговори на прашањата на граѓаните, онака ефикасно како што успеа да ја елиминира поддршката на над 30 илјади битолчани во само една година.
Автор:
доцент д-р Анита Ангелевска, советничка Совет на општина Битола / ВМРО ДПМНЕ

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на media24.mk.
media24.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

loading...

Поврзани статии