Бришењето на одлуките од АСНОМ се најголемите понижувања на секој Македонец

loading...

Во емисијата “Отворено” на ТВ Алфа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека бришењето на одлуките на АСНОМ е задоволување на барањето на Грција која го испорача до ОН во 1993 година.

Милошоски потсети дека тогашниот министер за надворешни работи на Грција барал ОН, Македонија да не се прими за членство со објаснување дека АСНОМ за нив преставува неприфатлив иредентизам. Тој притоа посочи дека тогаш во тоа време ваквиот предлог го имаат одбиено Глигоров, Кљуев како премиер а го одбиле сите премиери и претседатели досега, затоа што не биле уценети.

– “Бришењето на одлуките од АСНОМ вклучително и манифестот е едно од досега најголемите понижувања кој што некоја македонска власт, токму заради власта и го приредила на сопствената држава.

Ако Илинденското востание беше идеологијата и зачетокот на идејата за македосната државност, АСНОМ беше потврдата за македонската државност. Потврдата на државноста не е прогласот. АСНОМ и државноста се одлуките на АСНОМ кои имаат конститутивен карактер“ рече Милошоски.

Според Милошоски многу тешко е да се брани нешто во што не се верува. Притоа запраша дека ако ништо не се менува со одлуките на АСНОМ тогаш зошто СДСМ воопшто ги МЕНУВА и ги поставува ни повеќе ни помалку во Преамбулата на Устав.

Милошоски посочи дека владата на Заев, е влада за менување на уставот и решение на спорот и ако не се задоволи ДУИ за внесување на овие работи во уставот тогаш владата паѓа, а за да не се случи тоа Заев прави се за да ја задржи власта.

loading...

Поврзани статии