Вака ќе изгледа новата преамбула на Уставот. Значи во 1944 год. сме ја формирале Република Северна Македонија ??

loading...

Со фактот што Охридскиот рамковен договор станува дел од Уставот се отвора можноста за слободно толкување на Уставот и со тоа дефакто повеќе Законот за јазици нема да биде против уставен, а се отвора можноста и за федерализација и кантонизација на Македонија, бидејќи се и сешто може да биде протолкувано дека е во духот на рамковниот договор, а со тоа согласно Уставот.

Од Уставот се брише и АСНОМ само за да се задоволат грчките барања, односно се брише еден од најважните документи кои ја потврдуваат државотворноста на македонскиот народ.

(Преамбула)

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговрноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро- Република Северна Македонија – во согласност со традиција на Крушевската Република и прогласот на АСНОМ, на Референдумот од 8 септември 1991 година и Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓански слободи да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори.

https://www.facebook.com/1584341961831711/posts/2164437043822197/
loading...

Поврзани статии