Роналдињо пред банкрот

loading...

Роналдо де Асис Мореира, попознат како Роналдињо, се соочува со банкрот. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан е во финансиска криза и на неговата банкарска сметка има само шест евра, јавија бразилски медиуми.

Во 2015 година, Роналдињо беше казнет со парична казна од 2,5 милиони долари за штети, нанесени на животната средина и кон природата. Поранешниот фудбалер изгради магацин и риболовна платформа на забрането место. Роналдињо (38) не ја плати казната што доведе да остане без пасош поради долгови.

Износот на банкарската сметка на фудбалската ѕвезда не го спречува Роналдињо да го живее раскошно својот живот. Во последниве неколку недели Бразилецот може да се види во Кина, Јапонија, Европа и Африка како работи на нови реклами.

Омилениот бренд на обувки на Роналдињо, „Најк“, објави нова линија посветена на фудбалскиот гениј. Таа го носи името R10 и му гарантира на Роналдињо сериозна заработка.

loading...

Поврзани статии