Нова премиера на Струмичкиот театар – „Забрането смеење“

loading...

Струмичкиот народен театар „Антон Панов“ во среда, 7-ми ноември со почеток во 20:00 часот со нова претстава пред струмичката публика. Премиерна изведба на „Забрането смеење“ од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ, а во изведба на актерите Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.

„Забрането смеење“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43-годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.

Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив. И сето тоа на комичен начин. Така можеби ќе си ги воочиме грешките и ќе направиме од нас посреќни луѓе.

Превод и адаптација: Горјан Милошевски
Дизајн на сцена и костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев
Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски
Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков
(користени делови и од Nina Zilli, Jules Gaia, Gavin Luke)
Графички дизајн: Марјан Ѕингаров
Изложба: Од колекцијата на „СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“.
Дела на авторите: Марјан Ѕингаров, Ване Костуранов, Никола Пијаманов, Љупка Галаска-Василев

loading...

Поврзани статии