Повик до граѓаните на Струмица да земат учество на буџетскиот форум за креирање на општинскиот буџет на Струмица

loading...

Во рамките на програмата Форуми во заедницата, општина Струмица ќе го спроведе Буџетскиот форум 2018/2019 година. Овој форум ќе има пет сесии, а првата ќе се одржи во петок (9-ти ноември), со почеток во 18:00 часот во големата сала на домот на АРМ. Раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, на денешната прес конференција информираше за реализацијата и значењето на Буџетскиот форум.

„Форумскиот процес, односно Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година, како дел од Програмата форуми во заедницата, по прв пат самостојно се организира и спроведува од страна на општина Струмица под водство на Градоначалникот, г-динот Коста Јаневски и е јасна интенција и порака на општината до сите граѓани дека партиципативното учество на граѓаните во креирањето на општинските политики дефинитивно е од пресудно значење за успехот и напредокот на општината, особено во креирањето на политиките и во таа насока донесувањето на одлуките, пред се во процесот на креирањето на Буџетот по мерка на граѓаните. Имајте во предвид дека овој Буџетски форум е уште една можност граѓаните да дискутираат и да дебатираат за Развојните програми и проекти како дел од предлог буџетот на општина Струмицаза 2019 година и во тој контекст со своите предлози и идеи да влијаат на локалните политики во сите сегменти, особено да креираат партиципативен буџетот за наредната 2019 година“ – истакна Милушев.

loading...

Поврзани статии