ИЗЖИВУВАЊЕ СО АКТЕРОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Му правеле претрес во домот, додека во судница докажувал дека е невин!

Пред десетина дена припадници на МВР приредиле уште еден силен стрес на семејството на актерот Владо Јовановски, пренесува Експрес. Полицајци одговорни за контрола на мерката домашен притвор пристигнале во домот на актерот и проверувале дали Јовановски е дома додека тој бил на судење. Проверката на неговиот дом се случила додека актерот кој е обвинет за тероризам во случајот 27 април бил во судот, потврдуваат полициски извори кои ги осудуваат своите колеги за непрофесионалност. Според изворите на expres.mk полицајците морале да знаат дека актерот не е дома по налог на судот…

повеќе

Зеколи: Меѓу СДСМ и Атина имало таен договор

Аналитичарот Арсим Зеколи на својот Фејсбук профил ги коментираше последните случувања околу Преспанскиот Договор за промена на името и гаранциите кои ги бара Грција односно нивниот претседател. Меѓу другото тој посочи и на тајниот договор помеѓу СДСМ и Грција за одолговлекување на ратификацијата на договорот во грчкиот парламент. Како што вели Зеколи молкот за ваквите обвинувања од страна на македонската влада го вклучува алармот дека навистина пости таков скриен договор. Аналитичарот го посочи и настапот на професорот Шкариќ кој ја уверуваше македонската јавност дека доколку Атина не испорача, се ќе…

повеќе

ФОТО: Демолирано возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски

Веќерва беше демолирано возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. По овој настан, тој се огласи на Фејсбук: Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба 🤦‍♂️ Сакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло. Ама еве уште еднаш Oliver Spasovski јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за…

повеќе

Данела Арсовска: Немаше доволна дебата околу законот за прогресивно оданочување

Во вечерашната емисија Отворено на Тв 24 гостуваа актуелниот министер за финансии Драган Тевдовски универзитетскиот професор , поранешен министер за економија Трајко Славески и Данела Арсовска од Сојузот на стопанските комори каде што се зборуваше за економијата и за прогресивното оданочување кое е актуелно во јавноста. Арсовска на прашање на новинарот дали сметаат дека овие промени во поглед на оданочувањето се козметички кажа дека она кое што ги загрижува бизнисите е дека Владата не дозволила доволна дискусија околу ова прашање. „Најпрво се работи за нешто кое што сметаме дека немаше…

повеќе

Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент

На маргините на Политичкото Собрание, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент. -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се…

повеќе

Ивор Мицковски распали по брифингот на Заев, Спасовски, Османи, Дескоска и Манчевски

Тотална нула. Вака Ивор Мицковски, го оценува денешниот брифинг на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. -Денешниот брифинг на Заев и 4 министри беше фестивал на неспособност, некомпететност, незнаење, немање идеи, непознавање на материја, тотална испразнетост од значење и дури и неспособност нешто, ама барем нешто околу реформите да се искомуницира.  Значи тотална НУЛА, да те фати језа дека овие ќе не реформираат демек,…

повеќе

Пропадната српска конфекција, за СДСМ е позначајна од човекот кој беше ликвидиран поради борба за независна Македонија

Градот Скопје на следната седница на Советот на Скопје идната недела ќе започне со менување на имињата на катните гаражи, така што пред советниците ќе се најде предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“ се предлага да се преименува во „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“, која сега не постои. На Град Скопје, предводено од доскорашниот портпарол на СДСМ,Петре Шилегов, очигледно им пречи името на легендарниот водач на ВМРО, кој е ликвидиран заради неговата…

повеќе

Владата го претстави Планот 18, предвидени реформи во клучните области

Правосудниот систем, безбедносно-разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против организиран криминал и корупција се областите кои се во фокусот на реформите содржани во Планот 18, кој е изработен во мај, а усвоен на Владата на 30 минатиот месец. Планот 18 е продолжение на реформите кои беа спроведува со Планот 3-6-9. Со него продолжува усвојување на законите, но во него се содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот 18 не се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските. За Планот 18 денеска на брифинг во Владата говорат премиерот…

повеќе

ОЈО започна истрага против едно лице за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за „примање поткуп“ и за две лица за помагање при извршување на ова кривичното дело. За првоосомничениот, како што соопшти ОЈО, постои основано сомнение дека како службено лице даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку второ и третоосомничените лица, побарал парични средства во износ од пет илјади евра од сопственик на едно правно лице. Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би…

повеќе

Владата ја усвои информацијата за отворени податоци

Информацијата за отворени податоци, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација, беше усвоена на денешната 101-ва седница на Владата на Република Македонија. -Отворените податоци се податоци достапни во компјутерски обработлив формат што можат да се користат слободно, да се споделуваат, да се редистрибуираат и да се реискористуваат од секого и секаде, за секоја цел, информира валдината прес-служба. Согласно информацијата, секоја институција, податоците кои ги произведува треба да ги стави на располагање на јавноста и да ги користи секој што има потреба од тоа. Владата го утврди и составот на…

повеќе