Филип Петровски за Независен: Мукоски е патриот, ама е уценет и исплашен

Крсте Мукоски го знам дваесетина години, тој е патриот, ама се гледа дека е уценет и исплашен. Тоа што гласаше за уставните измени, сигурно не е по негова желба, вели Филип Петровски, кој беше дел од тимот на „Македонија блокира“, кој вчеравечер го посети домот на пратеникот Мукоски во Вевчани. Тие му врачија писмо во кое бараат да не гласа за промена на државното име во следните фази, почитувајќи ја јасно изразената волја на македонскиот народ. „Целта ни е да потенцираме оти работата не е завршена и имаат време убаво…

повеќе

ВОДА ЌЕ ГО ОТКРИЕ БОГАТСТВОТО НА ЦАР МАКЕДОН ВО МАКЕДОНИЈА – ПРОРОШТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НОТРАДАМУС

Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години. Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово, а порталот „Аберџија“ ексклузивно објавува дел од нив. 1. Железни кола ќе летат на небото (н.з. авиони и хеликоптери) Волови ќе се исколат, рала ќе се изгорат (ги најавил тракторите) Орли, чавки и соколи ќе…

повеќе

Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски

Комисијата за заштита од дискриминација утврди: Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски Државната комисјата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска. “Директната дискриминација врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, извршена е и од страна на Основниот суд Скопје 1 и од страна на судијката Добрила Кацарска, која во крајно контроверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во…

повеќе

Мицкоски со значајни средби на ЕПП

ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против преспанскиот договор и промена на уставното име. Вакви пораки опозицискиот лидер им пренесе на претставниците на Европската народна партија и лидери на држави на сестринските партии на маргините на самитот на ЕПП. По вчерашната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, Мицкоски се враќа со впечаток дека власта пред меѓународната заедница создава погрешна слика за дејствувањето на македонската опозиција. По средбата со Мицкоски, пак еврокомесарот за проширување на твитер напиша: Бев кристално јасен дека…

повеќе

Реформите на УБК пред собраниска комисија

Самостојна разузнавачка служба и нецелосно самостојна внатрешна служба во состав на Министерството за внатрешни работи, две одделни национални служби, едната самостојна безбедносна контраразузнавачка и една самостојна разузнавачка со надлежност надвор од границите  и една нацинално безбедносно-разузнавачка служба надлежна и за разузнавање и за контраразузнавање, се трите модели за реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија, што се содржани во компаративната анализа и свот анализата, кои денеска беа презентирани пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Компаративната анализа е изработена врз основа на анализа на закони на безбедносно разузнавачките служби,…

повеќе

Рафајловски: Не се потребни повисоки даноци туку даноци кои сите ќе ги плаќаат

Експертите се едногласни дека наводната даночна реформа за праведни даноци ќе нема речиси никаков ефект во буџетот на Република Македонија. Имено токму на оваа тема говореше и бизнисменот Горан Рафајловски во емисијата Отворено студио на телевизија Алфа кој потенцираше дека ефектот од средствата од ново наметнатиот прогресивен данок ќе биде минорен. -Ефектот уште пред седум дена кога ме прашаа, кажав дека ќе влијае не повеќе од 0,6 до 0,7 проценти, што значи дека ефектот не само што е мал туку е минорен, вели тој. Рафајловски посочи дека овие средства се…

повеќе

Уште една лага: Четири месеци тапка во место електронското наплаќање на патарините ширум Македонија

Четири месеци тапка во место електронската наплата на патарините ширум Македонија. Уште во Јули годинава од Јавното претпријатие за државни патиштабеше ветено дека се очекува да започне новиот начин на плаќање на патарините преку електронска картичка. Тогаш беше ветено дека електронското плаќање првично ќе се спроведува на наплатните рампи во Коридорот 10 север- југ, а набргу се очекува да се среди и целиот софтвер на Коридорот 8. Од  „Државни патишта“ во јули годинава изјавија дека граѓаните ќе можат да набават вакви електронски картички на сите бензински пумпи и ќе бидат…

повеќе

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, како и промената на Уставот со цел промена на идентитетот на државата

Во телефонска изјава за Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против преспанскиот договор и промена на уставното име. По вчерашната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан Мицкоски се враќа со впечаток дека власта пред меѓународната заедница создава погрешна слика за дејствувањето на македонската опозиција. -Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и…

повеќе

МТСП: Се воведува еднократен надомест за прво, второ и трето дете

Со предложените измени на Законот за заштита на децата не се укинува надоместот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надомест за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење еднократна парична помош за новороденче и се дава можност за тоа и за второродено и за третородено дете, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Исто така, како што појаснуваат од Министерството, се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува…

повеќе

Рехабилитираната транзитна делница низ Куклиш ќе ја зголеми безбедноста на месното население

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш. Според градоначалникот Коста Јаневски, рехабилитацијата на делницата е резултат на заедничката соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е Македонија пат. Со овој зафат се подобрува  безбедноста на месното население. -Ова е значајна делница која произлезе од разговорите со месното население на кои многу често ја спомнуваа како една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните. Ние се заложивме максимално во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта,…

повеќе