Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски

loading...

Комисијата за заштита од дискриминација утврди: Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски

Државната комисјата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.

Директната дискриминација врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, извршена е и од страна на Основниот суд Скопје 1 и од страна на судијката Добрила Кацарска, која во крајно контроверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во Република Македонија и со огромен број прекршувања на постапките, како и непрофесионално однесување без валидни докази, го осуди Никола Груевски на две години затвор”, стои во образложението на мислењето на КЗД.

Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.

И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврати јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која обвинителството СЈО и судот се само инструмент и беспоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско-политички процес негово ставање во затвор.

Мислењето на независната Комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент.

Утврдена директна дискриминација од независна државна комисија за заштита од дискриминација, од страна на судот, врз поранешен долгогодишен премиер и пратеник од опозиција, во секоја нормална држава е скандал од невидени размери, кој не смее да се релативизира или затскрие и не може да заврши без соодветна реакција на судските надзорни органи, но и поширока општествена и институционална реакција.

Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Владата на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијката Добрила Кацарска до Основниот суд 1 Скопје.

“Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во непожелна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во мислењето на Комисијата.

Вечерва во 19 часот пред Основен суд Скопје 1 е закажан мирен законски протест во поддршка на Никола Груевски против политичкиот прогон кон него и барање правда за него.

Republika.mk

loading...

Поврзани статии