Мицкоски со значајни средби на ЕПП

loading...

ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против преспанскиот договор и промена на уставното име. Вакви пораки опозицискиот лидер им пренесе на претставниците на Европската народна партија и лидери на држави на сестринските партии на маргините на самитот на ЕПП. По вчерашната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, Мицкоски се враќа со впечаток дека власта пред меѓународната заедница создава погрешна слика за дејствувањето на македонската опозиција.

По средбата со Мицкоски, пак еврокомесарот за проширување на твитер напиша:

Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив заложбата на Мицкоски да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграцијата и е потребна конструктивна опозиција.

На маргините на самитот Хан оствари средба и со разрешените членови од опозициската партија, кои за прв пат како посебна делегација учествуваат на самитот на лична покана на претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.

По средбата Хан преку твитер порача дека сите закани против нив мора да запрат.

Поради двете делегации кои на самитот на ЕПП ја претставуваат ВМРО-ДПМНЕ, реагираше поранешниот висок партиски функционер Сашо Мијалков. Во ново отворено писмо до Мицкоски, екс директорот на УБК обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била поподелена и позасранмена на меѓународната сцена од сестринските европски партии.

Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ?

Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без разлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе, прашува Мијалков во писмото до Мицкоски

Според ВМРО-ДПМНЕ екс директорот на УБК, на ваков начин само се обидува да ја дефокусира јавноста од актуелните политички случувања.

СИТЕЛ ТВ

 

loading...

Поврзани статии