ОФИЦИЈАЛНО БЕЈЛИ СИ ЗАМИНУВА: Новиот амбасадор на САД во Македонија ќе биде Кејт Мари Бурнс

Кејт Мари Бурнс ќе биде нова амбасадорка на САД во Македонија. Нејзината номинација од претседателот Доналд Трамп ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД. Според соопштението од Белата куќа, Кејт Мари Бурнс е дипломат од кариера и доаѓа од Атина каде од септември 2017 година што ја вршела функцијата заменик-шеф на Мисија во амбасадата на САД во Атина. Претходно била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена, Австрија. Таа ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, исто така дипломат од кариера,…

повеќе

Освен префрлување на здравствени дејности во приватен сектор, ќе има и приватизации?

Министерот за здравство, Венко Филипче полека почнува да открива кои дејности ќе се приватизираат или ќе преминат здравствени установи. Министерството за здравство подготвува физибилити-студии со кои ќе анализира кои специјалности… Министерот за здравство, Венко Филипче полека почнува да открива кои дејности ќе се приватизираат или ќе преминат здравствени установи. Министерството за здравство подготвува физибилити-студии со кои ќе анализира кои специјалности или супспецијалности можат да преминат во јавно-приватно партнерство. Филипче соопштува до јавноста дека ќе се анализираат сервисите како ин витро фертилизација, Брзата помош и други специјалности. Најчесто на државните клиники…

повеќе

Почна втората фаза за менување на Уставот, власта и опозицијата со спротивставени ставови

Со почетокот на седницата на Комисијата за уставни прашања на која се расправа за нацрт уставните амандмани стартуваше втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија. Седницата на собраниската Комисија почна вчера со обраќање на премиерот Зоран Заев, кој ги образложи четирите нацрт-амандмани, а продолжението е закажано за денеска во 11 часот. Пред членовите на Комисијата, премиерот посочи дека предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународното право и меѓународните стандарди за човековите слободи и права, како и согласно интересите на Република Македонија  и нејзините перспективи во…

повеќе

Митровска: Во правото се суди според закон, а не според судска пракса која одредени судии сами си ја сoздаваат

Не случајно се одлучив да пишувам за овој дел од институтот застареност, од причина што со моето долгогодишно искуство во правосудството како правник и како адвокат наидов на различна судска пракса во однос на толкувањето на чл.365, 366 од Закон за облигациони односи, особено кога станува збор за настаната штета во сообракајните незгоди. Ќе се задржам на надомест на штета настаната од сообракајни незгоди, бидејки кај постапките за надомест на овој вид штета имаме различна пракса, различни пресуди, кои допринеле некои лица неправедно да го изгубат своето право за надомест…

повеќе

Груевски денеска сепак нема да оди во затворот во Шутка

Никола Груевски треба да се појави во истражниот затвор „Скопје“ за да одлежи две години затвор, сепак тој денеска нема да се упати кон населбата Шуто Оризари. Во Кривичниот суд од вчера почнале да пристигаат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи издржувањето на казната. Со поднесувањето на жалбата автоматски му се одложува извршувањето на казната и тоа во зависност од времето потребно Кривичниот совет да ја донесе одлуката, но кое е ограничено на три дена. Ова…

повеќе

Заев: Не можете да кажете дека антифашистичката војна создала Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев за членот 36 од Уставот, каде со уставните амандмани не се менува името Република Македонија со новото Република Северна Македонија и за што имаше реакции во Грција, истакна дека тоа се историски делови во самиот Устав и грчката страна го сфаќа тоа. – Секако и таму има различности во мислењето, демократија и тоа е во ред. Не можете да кажете дека антифашистичката војна создала Северна Македонија, таа создаде Република Македонија. И тој дел е историски дел. Секаде каде што е историскиот контекст секако нема потреба да се…

повеќе

(видео и галерија) МАСАКР ВО САД: Најмалку 13 убиени во вооружен напад во кантри бар во Калифорнија

Најмалку 13 луѓе загинаа при нападот во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, изјави локалниот шериф Џеф Дин. Тој додаде дека се уште е рано да се шпекулира за мотивите за маскакрот. Претходно беше објавено дека во барот е пронајдено безживотното тело на напаѓачот. Во кантри барот „Бордерлајн“ во моментот на нападот имало стотина луѓе, а пукањето траело и кога дошла полицијата. На сајтот на барот за среда вечер е најавена студентска вечер и часови по кантри танц. За сега е познато дека непознат маж синоќа во бар во местото…

повеќе

НА ЗЕМЈАТА И НАЈДОА УШТЕ ДВЕ „МЕСЕЧИНИ“

По половина век шпекулации астрономите тврдат конечно го потврдиле постоењето на две месечини кои орбитираат околу планетава. Само за разлика од оваа што ја знаеме, овие две се целосно составени од прашина. Тие објаснуваат дека регистрирале мистериозни облаци оддалечени на околу 400.000 километри од Земјата, што е отприлика истата оддалеченост како и Месечината. Станува збор за Облаците на Кордилевски кои прв пат се забележани во 1961 од истоимениот полскиот астроном, што е крајно комплицирано да се направи и да се повтори. Според новите откритија секој од Облаците Кордилевски се простираат…

повеќе

За духовниот саморазвој ШТО Е ТОА „ПОЛУИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ“?

Искрено, за Слободан Јовановиќ немавме чуено. Роден 1869, тој бил правник, историчар, писател и политичар на некогашното Кралство Југославија. Преземаме негов текст, од книгата „Прилог за проучување на српскиот национален карактер“, за еден специфичен вид интелект, кој одлично му легнува и на Македонецот. Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој…

повеќе

Утре почнува судењето за свирепото убиство на Никола Саздовски- Саздо

Судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски почнува утре. Судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска. Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите. Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола…

повеќе