И вториот нацрт-амандман помина на Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“ и седум „против“ попладнево помина и вториот нацрт амандман за уставни измени во собраниската Комисија за уставни прашања. Со вториот нацрт амандман за измена на Уставот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. На вториот ден од расправата ставовите на власта и опозицијата одеа во истите насоки, како и претходно. За опозицијата со вториот нацрт амандман се бришат најважните државотворни документи  за македонскиот народ и се урива правно државниот континуитет на историјата…

повеќе

Уставниот суд го поништи референдумот во Гевгелија и дозволи изградба на рудници

На 07.11.2018 година, Уставниот суд на РМ ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА. Канадската компанија „Ресервоар минералс“ поднесе барање да преиспита уставноста на одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапка го прифати нивното барање и ја поништи одлуката. Од иницијаторите на референдумот до Уставниот суд било доставено образложение во кое на 18 страници, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изричитоо е…

повеќе

ЛИДЕР:Кривичниот совет ги одби жалбите – Груевски оди во затвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Никола Груевски и на неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се јави во затворот „Шутка“ за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Како што соопшти Судот, Решението е испратено до странките во постапката и е извршно веднаш по приемот од странките. – По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот…

повеќе

СЈО СО НОВ ПРЕДМЕТ „ИМПЕРИЈА“: За злосторничко здружување и перење пари ги сомничи Камчев, Мијалков и 11 други бизнисмени

Специјалното јавно обвинителство ја извести јавноста дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети што се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои била воспоставена надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие, како што соопшти СЈО, ќе се гонат поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување,…

повеќе

Камчев: Сите мои компании се отворени за соработка со СЈО

Извршниот директор на „Орка Холдинг“ Јордан Камчев денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното Јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјата. Тој ја информира јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално се отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. – Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи…

повеќе

ЕК: Македонскиот БДП годинава 2,1 отсто, главен ризик можната политичка нестабилност

Продолжуваат лошите проекции за растот на македонската економија од страна на меѓународни институции. По Светска банка, ЕБРД, НБРМ и Европската Комисија со лоши прогнози за растот на економијата. Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската Комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати. ЕК за наредната година предвидува македонската економија да порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година за 3,1 процент. Во делот за Македонија се наведува дека економското опоравување на земјата ќе зависи од политичката состојба и нивото…

повеќе

СЈО отвори истрага против Камчев и Мијалков?!

Веб порталот Плусинфо објави текст дека СЈО отворила нова истрага “Империја” “Истрагата била против Ј.К,С.М, Н.Ј, Ц П, Р. К. К, Х. К. С, З. А, Л. Г, В. С, Т. М, Д. Ј. В. М и Ј. Т. Истите се осомничени за Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и др. Повеќе информации можете да прочитате на Плусинфо

повеќе

Мицкоски гостин во „Отворено“ на Алфа вечерва во 18 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во отвореното студио на телевизија Алфа. Тој на својот Фејсбук го најави своето гостување и ги повика сите граѓани да го следат интервјуто. -За конгресот и самитот на Европската народна партија во Хелсинки, за штетноста на договорот со Грција, за катастрофата во економијата и многу други актуелни теми, ќе разговарам во 18 часот во ,,Отворено” на Алфа Телевизија со Љупчо Цветановски. Следете ме! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1101968329978625&id=829371753904952

повеќе

Собранието со 58 гласа “ЗА” не успеа да му го одземе мандатот на Никола Груевски

Пред малку пратениците во Собранието на Р. Македонија со 58 гласа ЗА немаше доволно пратеници и 2/3 мнозинство за да му го одзеде мандатот на Никола Груевски. Од присутните 87 пратеници 58 гласаа ЗА 29 ПРОТИВ  гласаа од присутните, со што Собранието немаше доволно гласови за да му го одзеде мандатот на бившиот Лидер и Премиер на Македонија Никола Груевски.  

повеќе

Денеска почнува судењето за убиството на Никола Саздовски

Во Кривичниот суд денеска почнува судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски. Судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска. Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје. Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.Основното…

повеќе