ЕК: Македонскиот БДП годинава 2,1 отсто, главен ризик можната политичка нестабилност

loading...

Продолжуваат лошите проекции за растот на македонската економија од страна на меѓународни институции. По Светска банка, ЕБРД, НБРМ и Европската Комисија со лоши прогнози за растот на економијата.

Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската Комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати.

ЕК за наредната година предвидува македонската економија да порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година за 3,1 процент.

Во делот за Македонија се наведува дека економското опоравување на земјата ќе зависи од политичката состојба и нивото на инвестиции.

Европската Комисија очекува економското опоравување на македонија да продолжи во 2019 и 2020 година, но побавно од претходно проектираното.

Се очекува инвестициите да имаат значителен дел во економскиот раст, инвестициската клима да се подобрува, како и зголемување на корпоративното кредитирање и поддршката за компаниите.

ЕК предвидува стапката на невработеност во Македонија на крајот на годината да биде 21,3 отсто, догодина 20,6, а во 2021 – 20,1 отсто.

loading...

Поврзани статии