Објавена карта на врвни универзитети во Европа: Каде е Македонија?

Ниту еден универзитет од Македонија не се најде на мапата 1.250 најдобри во светот, покажа најновата ранг листа објавена од  „Times Higher Education”,британскиот весник специјализиран за високо образование. Од европските држави Германија има 44 врвни универзитети, Велика Британија 58, Франција 21. Од регионот, најдобро стои Грција, која има 8 на листата 1.250, потоа Хрватска и Словенија по два, Србија и Бугарија по еден. Македонија, Црна Гора, Албанија, БиХ ги нема на листата на 1.250 најдобри високообразовни установи. На картата на првите 500 најдобри универзитет, изработена од чешкиот лингвист, математичар и уметник Јакуб…

ЛАСОСКА ВО СОБРАНИЕ: Амандманите се телефонски договорени, а ние како да сме регион на Грција – играме претстава за граѓаните

Со 10 гласови за и два против, собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево го поддржа амандманот 35 со кој се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска после попладневната пауза во своето обраќање на Комисијата постави повеќе прашања до министерот за надворешни работи Никола Димитров меѓу кои и за начинот на договарање на уставните амандмани по телефон со нашиот јужен сосед. Според неа, тоа изгледа како да сме регион на Грција или…

Стеванаџија: Го осакатувате образованието со кратење на 9 ипол милиони евра од буџетот- за тоа ли се бореше Шарената револуција?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стеванаџија во македонското собрание, денеска се обрати во рамките на дискусијата за ребаланс на буџетот. Тој истакна дека оваа влада секогаш посегнува по она што е најнепопуларно, по џебовите на граѓаните на република Македонија. -Мислејќи дека овие 50 милиони евра кои ги кратиме од министерствата, ќе биде некоја финансиска инјекција во здравството, во економијата, дека ќе се гради некоја технолошка индустриска развојна зона, дека конечно ќе ги усреќиме вработените во “Еурокомпозит”, дека нема да ги понижиме вработените во ОХИС да им исплатиме 100 денари на нивните…

Македонско евангелие кое се чува во градот Ремс и служело за крунисување на француските кралеви

Македонското евангелие е едно од најстарите постоечки писмени споменици на пергамент и сведоштво за македонскиот јазик, писмо и православните религиозни практики, кое според некои извори потекнува од XI век.се чува во катедралата Нотр Дам во РЕМС источно од Париз. Оваа книга, од поранешните римски провинции (денес дел од таканаречена Франција), сметана е за света книга, подарена од обожествениот македонски народ на своите браќа Македонци во таа област, поврзани илјадници години со културниот центар на светот – Македонија. Низ долгата историја, Македонскиот народ дури од камениот период на Зета Македонија, ги…

Струмица со намален буџет за 2.29 милиони евра

Намалувањето е поради тоа што одредени проекти за кои се планирани средства нема да почнат да се реализираат во тековната година и прераспределување на средства од една во друга ставка, вели градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, образложувајќи ги измените и дополнувањата на буџетот за тековната 2018-та година. „Намалувањето на одредени позиции не значи откажување од нивната реализација, туку ќе се продолжи идната година или кога ќе се создадат услови за нивна реализиција, а до крајот на тековната година е невозможно да се остварат од објективни причини, како што се нерасчистени…

НОНКОВИЌ ДО ЈОХАНЕС ХАН: Свесни ли сте дека 100% од вработените во СЈО се функционери на СДСМ и дека студентите од правен и се смеат на Јанева?

Еврокомесарот Јоханес Ханд задолжен за проширувачка политика на Европскат Унија денес одржа конференција за новинари, на која одговараше на прашањата на новинарите поврзани со активностите на ЕУ во нивните земји Според Јоханес Хан, кој за целото време не сакаше да го спомене името на земјава, СЈО е неопходна институција за нормализирање на политичката ситуација во која се наоѓа земјата, без разлика на тоа што граѓаните немаат доверба во институцијата, поради непотизмот и пристрасноста на Јанева до опозициската партија. – Според вашите зборови, и она што е стипулирано во извештајот за…

Француски историчар: Русија треба да се почитува како земја која во 20 век двапати го спаси светот

Русија заслужува почит поради „херојската борба и огромните загуби“ кои ги претрпе есента 1914 година, без кои победата над Германија можеби и немаше да ја има, напиша во статија за порталот „Атлантико“ францускиот историчар Едуар Јусон. Тој го критикува Емануел Макрон кој во пресрет на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна „ја прогласи Русија за непријател“. Јусон укажува на тоа дека Макрон при посетата на градот Верден, каде што се случи една од најкрвавите битки во Првата светска војна, изјавил дека е неопходно да се формира „вистинска европска…

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати рамниот данок, ќе воведе намалувања за младите и целосно кратење скриените даноци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт повторно ќе го врати рамниот данок, односно ќе го укине зголемувањето на данокот кое сега го воведува власта на СДСМ со прогресивниот данок. – Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги врати даноците по старо, а за млади, инженери, информатичка технологија, и сите оние кои што правата додадена вредност или извоз ќе оди и под 10%. Второ целосно кратење на т.н. скриени даноци од…

Русјаков:Како влијае Путин врз нас преку перуниките

Колумна на Александар Русјаков за Нова Македонија Тоа е тоа, македонските проруски неопаганисти, кои го славеле словенскиот бог Перун, сигурно се во контакт со оние 12.000 агенти на ФСБ, кои од неодамна, како што ни откри еден портал, да ти биле во Македонија. Преправени се во перуники. Преку тие перуники Путин вибрира зла руска пропаганда за окупација на Македонија. Не знам само зошто застанавте на ова епохално откритие. А џунџулињата? Уф, со што да започнам? Со Хан, со Тимоние или со „лошите“ Руси, кои сакаат да го поробат ЕУ/НАТО-протекторатот Северна…

Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија

Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30…