Неизбежно е да нè погоди метеор од вселената, луѓето мора да ја напуштат Земјата

Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите, смета професорот на њујоршкиот Сити колеџ, светски познат физичар, футурист и космолог Мичио Каку. Д-р Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета. “Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден метеор од вселената и поради тоа нѝ е потребен резервен план”, смета професорот. До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој, и додава дека во релативно скоро време би можеле да ги гледаме нашите внуци како…

Канческа Милевска: Не треба да се делиме на патриоти и предавници

Статија на ЛИДЕР Независната пратеничка Елизабета Канческа Милевска и порача на власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањето на промена на Уставот. – Владата треба да се заложи во овој период да се постигне национален консензус за ова прашање. Ако некој мисли дека ќе добие политички поени во овој процес многу се лаже. Не треба да се делиме на патриоти и предавници. Треба да најдеме модул и начин во државата да има подобар живот- рече Канческа Милевска. Реплицирајќи и премиерот Заев рече дека ќе се трудат да…

Никола Груевски – “Не заборавајте: ќе ги победиме!“

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, а сега почесен претседател, со моќна порака на својата фб страна: „Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’. Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината…

МВР најави кривични против Јанко Бачев и Филип Петровски

После синоќешниот протест на “Македонија блокира” кој беше пред пратениците Сашко Василевски и Љубен Арнаудов  а предводени од Јанко Бачев и Филип Петровски, МВР најави дека ќе покрене  мерки против истите за синоќешниот протест каде кон пратеникот Сашо Василевски беа упатени навреди од Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев но и на екс функционерот од ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски за навреда. МВР потврди дека во соработка со Јавното обвинителство, против Бачев и останатите лица ќе се постапува во согласност со законот. Инаку Василевски не остана ништо покус и им порача дека…

ПАРИЗ: Претседателот Иванов на свечената вечера приредена од Макрон, а денеска на церемонијата пред Триумфалната капија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Иванов на покана на францускиот претседател Макрон, денеска ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз. На церемонијата е најавено присуство на над 80 шефови на држави, влади…

Со промената на Уставот се проектира нова држава „Северна Македонија“

Со елиминирањето на одлуките на заседанието на АСНОМ се брише името Македонија и државотворниот карактер на македонскиот народ. Целта е да проектира нова држава „Република Северна Македонија“ која ќе има ограничен сувернитет и ќе биде целосно зависна од Грција, нагласува за Пресинг ТВ, историчарот и професор Михајло Миновски. Според него, со секоја употреба на името „Македонија“, Грција според спогодбата има право да интервенира и да забрани бидејќи мора да биде врзано со зборот „Северна“. Според него, ако сега се промени Уставот, договорот не може да се измени и дека името…

Сашо Василевски синоќа си го доби од Јанко Бачев од име на Македонскиот народ

“Македонија блокира” заедно со демонстранти синоќа беа во Охрид пред домовите на пратениците оние кој по своја желба и со чиста совест гласале наводно, и каде по цел ден одложување на седницата за пристапување на отварање на Уставот каде дури во 22 часот, се гласаше а требаше во 11 дента, после натегање и барање на осмиот пратеник од страна на власта, кој со волшебно стапче а можеби и со други методи успееја да  ги предомисли 8 мината пратеници од коалицијата “ЗА подобра Македонија” да стиснат зелено копче за отпочнување на…

На денешен ден: Во 1990 во СР Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори

11 ноември 2018 1821.- Во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература. Негови најпознати дела се „Двојник“, „Бели ноќи“, „Неточка Незванова“, „Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“ и други. Починал во Санкт Петербург, на 9 февруари 1881 година. 1855.- Умрел данскиот филозоф Серен Кјеркегор, кој бил наречен „копенхагеншки Сократ“. Тој наспроти филозовската традиција, посебно кон системот на филозофијата на Фридрих Хегел, развил специфичен филозофски став. Дела: „За поимот на иронијата со постојан осврт на Сократ“, „Или – или“, „Дневник“, „Стадиумите на животниот пат“, „Филозовски ронки“. 1855.- Во Сента е роден…

Во Париз ЕРДОГАН и Трамп ја искористиле приликата за да поразговарат за нивните односи

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп, синоќа разговарале за време на вечерата што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, јави агенцијата Анадолија. Ердоган во Париз присуствува на церемонијата на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна. Вечерата ја организираше Макрон во чест на светските лидери кои дојдоа во Париз за да присуствуваат на настанот. Седејќи еден до друг, Ердоган и Трамп имаа кус разговор, јави Анадолија. Турскиот весник „Милиет“, пак, објави дека Трамп и Ердоган зборувале „на нога“ за време…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО ПАРИЗ: Победниците и поразените одбележуваат 100 години од завршувањето на Првата светска војна

Денеска се одбележува 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а централната манифестација ќе биде одржана во Париз со присуство на повеќе од 80 шефови на држави и влади на земјите учеснички во Големата војна. Меѓу учесниците на свеченоста во Париз, чиј домаќин е претседателот на Франција Емануел Макрон, на кои е и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, меѓу другите, се и претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. Освен земјите победнички во Првата светска војна, на одбележувањето ќе присуствуваат и претставници на поразените земји, како Германија…