Заев разговарал за уставните амандмани со Тодоров и Јанчев

Премиерот Зоран Заев во саботата вечерта во Струмица имал неформална средба со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Средбата, според  информации на веб порталот НЕЗАВИСЕН.МК, се одржала на барање на Заев и на неа се разговарало за уставните измени, пред почетокот на пленарната собраниска седница за нацрт-амандманите. Во претходните денови Заев изрази очекување дека ќе се проширува мнозинството во парламентот за поддршка на уставните измени. Откако во октомври беа обезбедени 80 гласа за пристапување кон уставни измени, Тодоров и Јанчев беа меѓу функционерите…

Гугл ги зајакнува прописите за политичко рекламирање пред изборите во ЕУ

Американскиот интернер гигант Гугл денес соопшти дека ќе ги заостри условите за огласување во Европската унија во рамки на настојувањето на спречување на ширење на дезинформации, а со цел да се зголеми транспарентноста пред изборите за Европскиот парламент во мај идната година. Како што наближуваат европските избори, американските технолошки компании се под се поголем притисок да направат што е можно повеќе и подобро да се спротивстават на надворешните кампањи за влијание. Гугл ќе бара за секја политичка реклама да биде наведено кој ја плаќа истата, а ќе го засили и…

ЛГ патентираше смартфон со 16 камери

Компанијата ЛГ до Американското биро за патенти поднесе барање за патентирање на телефон со 16 сензори на задниот панел, кои се наредени во матрица 4 по 4. Ваквиот патент на ЛГ е доказ за продолжување на трендот за зголемување на бројот на камери на смартфоните. Идејата на ова необично решение на ЛГ е одеднаш да бидат снимени различни перспективи на даден објект, но ќе биде можно да се снима и само со еден од сензорите. Сликите направени во исто време од сите сензори ќе можат да се „раздвижат“, а делови…

Мурињо ќе добие солидна сума за трансфери во јануари

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му обезбеди солидна сума на менаџерот Жозе Мурињо за да го зајакне составот на тимот во зимскиот трансфер период, објави „Мирор“. И покрај вестите за рекордниот пад на цената на акциите на клубот од 2017 година, „црвените ѓаволи“ планираат да потрошат десетици милиони фунти за нови играчи во јануари. Мурињо ќе биде во можност да привлече нови играчи на позиции кои не беа засилени во текот на летото. Меѓу играчите што ги бара Португалецот се Диего Годин од Атлетико Мадрид, Лоренцо Пелегрини од Рома и…

„Билд“: Венгер подготвен да го преземе Баерн

Германскиот весник „Билд“ објави дека се поверојатна е промена на тренерската позиција во Баерн Минхен, при што Баварците сериозно ја разгледуваат можноста за отпуштање на сегашниот тренер Нико Ковач и ангажирање на Арсен Венгер. „Дејли телеграф“, пак, повикувајќи се на извори блиски до францускиот стратег тврди дека Венгер е „подготвен да го прифати предизвикот да оди на „Алијанц“ арената, за да се закити со трофеј на крајот од кариерата“. Голема предност на Венгер во однос на сите можни други опции за оваа позиција е тоа што тој зборува добро германски…

Фондацијата на Џорџ Сорос се повлекува од Турција

Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена по обвинувањата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган дека американскиот милијардер се обидува да ја дестабилизира државата. Фондацијата која во Турција поддржа голем број образовни проекти, проекти за правата на жените и демократските реформи соопшти дека обвинувањата на Ердоган се неосновани и поради нив повеќе нема да може да продолжи да работи во Турција, јави „Ројтерс“. Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавала беше меѓу 13-те активисти упасени месецов под обвинување дека ги поддржале…

Македонците се жалат – Борисов предложи затворање на Агенцијата за Бугари во странство

Бугарскиот премиер Бојко Борисов предлага затворање на Агенцијата за Бугари во странство. Македонските граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат документите поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција при издавањето бугарски пасоши, јави агенцијата БГНЕС. Пред зградата на Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше ред за поднесување документи за бугарско државјанство, пишува Фактор. Од минатиот месец претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев е уапсен. Четворица добија обвиненија – претседателот, генералниот секретар на агенцијата и уште двајца други. Секретарот на агенцијата Красимир Томов во…

Трамп се огласи за ситуацијата помеѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа ситуацијата помеѓу Русија и Украина. – Не ми се допаѓа ова што се сучува. Се надеваме дека тоа ќе биде решено. – изјави Трамп пред новинарите, пренесе Ројтерс. Трамп им порача на европските лидери да работат на решавање на проблемите меѓу двете земји.

Дневен хороскоп за понеделник

Овен Конечно ви доаѓа финансиски прилив за добро завршената работа. Можете да се одлучите за шопинг. Ве очекува убава средба со еден Рак. Хипохондрични сте. Бик Финансиски не стоите лошо, но бидете внимателни. Полето на работата може да биде многу динамично во текот на денот. Некој од пријателите ќе ви се додворува денеска. Не ја отфрлајте таа личност туку така, бидејќи би можеле да остварите солидна авантура. Внимание за хроничните болни. Близнаци Ако очекувате пари од други луѓе, бидете сигурни дека ќе дојде до одредени кочења. Почекајте подобри денови. Не…

Која е тајната на луѓето кои изгледаат како никогаш да не се уморни?

Се чини дека некои од вашите колеги или пријатели стануваат многу рано наутро, а потоа имаат енергија и за работниот ден, а и за сите обврски потоа. А, вие изгледа како едвај да чекате да стигнете дома и да се препуштите на попладневната дремка. Што е различно? Која е тајната на овие луѓе кои изгледаат како никогаш да не се уморни? Тие вежбаат Вообичаено, голем дел од луѓето кога се уморни, го прескокнуваат тренингот и забораваат на физичката активност. Но, овие луѓе вежбаат. Често тие вежбаат наутро, кога всушност ги…