Бранка Костиќ – Марковиќ: Урнати ми се идеалите!

Си велев штом решија мене да ме стават за претседател на Управен одбор конечно ќе се доведат работите во ред. Дека ќе почнат да се почитуваат вистинските вредности. Но, со оваа постапка ми се уриваат тие надежи, вели Бранка Костиќ Марковиќ. Во пресрет на 74-годишнината на Македонската филхармонија, бура во нашата национална институција. На предлог на актуелниот директор Виктор Илиевски, со решение на Министерот за култура Асаф Адеми, магистер Бранка Костиќ Марковиќ е разрешена од функцијата претседател на Управниот одбор на Македонска Филхармонија. „Јас сум навистина изненадена од одлуката на…

Под истрага е кинескиот научник кој тврди дека генетски модифицирал бебиња (ВИДЕО)

Низ светот одекна веста дека кинескиот научник Хе Џианкуи, за првпат во историјата, успеал да создаде генетски модифицирани бебиња, и тоа отпорни на ХИВ вирусот со кој биле заразени нивните татковци. Хе, кој студирал на престижниот американски универзитет Стенфорд, а работи на Универзитетот за наука и технологија во Шенжен, објасни дека се одлучил на зафатот затоа што ХИВ е голем проблем во Кина. Експериментот со техниката на едитирање гени наречена КРИСПР на крајот „резултирал“ со две здрави бебиња, и тоа сестри близначки. „Двете прекрасни мали кинески девојчиња Лула и Нана…

Кога најмногу се дебелееме во животот?

Има неколку периоди во животот кога треба да се посвети повеќе внимание на режимот на исхрана и физичката активност, за да не ставите неколку килограми повеќе од кои тешко ќе се отарасите. За жените, ова се „критичните“ периоди во животот кога треба да бидат посебно внимателни: Пубертет Девојките природно добиваат на килажа во тинејџерските години бидејќи се зголемува бројот на масни клетки во телото. Во пубертетот се менува обликот на телото, следи првата менструација и телото почнува да таложи масти таму каде што му се потребни. На тинејџерите им се…

Ликот на Стивен Хокинг може да се најде на новата банкнота од 50 фунти

Научните легенди Стивен Хокинг и Алан Туринг, како и Челичната лејди Маргарет Тачер, се меѓу кандидатите на листата за лицето што ќе ја краси новата банкнота од 50 фунти. Гувернерот на Bank of England Марк Карни соопшти дека со новата полимерна банкнота ќе се оддаде чест на британските научници кои дале голем придонес. Јавноста имаше шанса да номинира славни личности под услов да не се веќе живи и да имаат дадено значителен придонес во областа на медицината, биологијата и астрономијата. Номинацијата на Тачер е малку неочекувана и нејасна, со оглед…

Почина Стивен Хиленгбург – креаторот на Сунѓерот Боб

Американските медиуми денеска ја пренесуваат жалната вест за смртта на Стивен Хилебург, креаторот на еден од најобожуваните ликови од анимираните филмови – Сунѓерот Боб. Хилербург имаше 57 години. Стивен Хилербург е креатор не само на ликот на Сунѓерот Боб, туку и на сите останати ликови и светот во кој живее најпознатиот сунѓер од дното на морето. Како што објави телевизиската мрежа Nickelodeon, каде што се прикажуваше анимираната серија „SpongeBob SquarePants“, Хилербург починал денеска како последица на амиотрофична латерална склероза, болест со која живееше веќе подолго време. Хилербург може да се…

Сите родени по 1970-та ќе можат да станат бесмртни

Водечкиот светски футуролог Ијан Пирсон тврди дека сите луѓе родени по 1970 година, ќе можат да станат бесмртни до 2050 година. Инженерот и пронаоѓач од Ипсвич, Велика Британија, верува дека генетскиот инженеринг и вештачката интелигенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине границите на своето физичко тело, пишува „Дејли мејл“. Конверзијата на процесот на стареење на клетките, лабораториското одгледување на ткива, создавањето биолошки делови од телото, создавањето на андроидни тела и нови виртуелни светови, како и дигитализацијата на умот, би можеле да ни овозможат да живееме засекогаш. „Оваа опција…

Останува уште малку време за исплата на К-15

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци). Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година…

Светското првенство во Германија и Данска без ТВ Пренос на македонска телевизија!?”

На Фејсбук страната “Ракометни вести” објавена е информација дека љубителите на ракометот ќе останат без пренос од Светското превенство во ракомет кое во јануари ќе се одржи во Германија и Данска. Мундијалот ќе може да се гледа само на Арена Спорт – пишува на страната, додека другите национални телевизии нема да вршат пренос. “ШОКАНТНО : Светското првенство што ќе се одржи во Германија и Данска во Јануари без ТВ Пренос на Македонска телевизија!!!!!! За прв пат во историјата, настапот на нашите ракометари на едно големо натпреварување нема да може да…

Почина драмскиот писател Горан Стефановски

Пред малку дознаваме дека уште една легенда во Македонија си замина од овој свет. Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952), македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност.  Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори. Стефановски починал на возраст од 66 години, по кратко боледување. Стефановски престојуваше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вечерва стаса и веста за неговата смрт. Стефановски завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како…

Мико: Нема помирување додека Џафери и Ахмети не се извинат за 2001 година!

Поранешниот почесен македонски конзул во Аризона, Џејсон Мико, ја коментира информацијата за тековната дебата во Македонија за амнестија и за помирување. „Ви ветувам – не можете да имате вистинско помирување во Македонија додека и ако лидерите на ДУИ/ОНА не се извинат и не побараат прошка за настаните од 2001 година. Прво Џафери и Ахмети“, објави на Твитер американскиот борец за македонските национални интереси.