Очајна борба за името

За десетгодишниот јубилеј на Македонски манифест, драг читателу, не му се потребни фалби. Оваа колумна не ja пишувам за тоа, туку уште еднаш да ги споделам со тебе македонските јанѕи и болки. Почнавме тивко, некаде во јуни 2008, со промотивен концерт кај Камени мост во Скопје. Поезија, песни, ора, идентитетски знаци, кои алка за алка ја влечат на површина меморијата од длабоката дамнина, од она океанско Пра на нашето Име, како веда (во значење на откровенска молња, светлина и знаење), златна нишка, како некој вид духовна Via Egnatia што се…

Со 50 милиони денари ќе се поддржи печатење и дистрибуција на печатени медиуми

Со 50 милиони денари ќе биде поддржано печатењето и дистрибуцијата на печатените медиуми. Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми беше усвоена на вчерашната владина седница, а за неа подетално утре ќе информира министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција најави дека Програмата ќе биде објавена на веб страницата на Владата. Додаде дека Програмата е изработена во координација со Асоцијацијата на печатени медиуми и Здружението на новинари на Македонија. – Сметаме дека печатените медиуми се фундамент на новинарската професија…

Прибе: Изненадување е што една членка на ЕУ за мошне кусо одлучи за азилот

Како изненадување ја оцени, Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, одлуката на унгарската Влада за толку кусо време да му додели политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој во интервју за Дојче веле нагласува дека вообичаено одбива да коментира поединечни случаи, но на прашањето во врска со критиките на ЕК за недостигот на судска завршница на случаите со висока корупција и бегството на Груевски во земја-членка на ЕУ вели дека тоа е вистинско изненадување. -Корупцијата е многу…

Алфа ексклузивно: Како СДСМ ја плете мрежата на згрижување на подобните кадри

Од мрежа за уривање режим – до мрежа за вработување. Партиски вработувања според списоци што се правеле на седници на општинската организација на СДСМ на Кисела Вода во февруари, март, април и јуни, открива Алфа. Станува збор за вработувања во Општината, училиштата, градинките, како и јавните претпријатија Комунална Хигиена и Македонски Шуми. Списоците се правени врз основа на неколку критериуми, и тоа: колку лицата дале свој придонес во т.н. борба против режимот, важно било да бидат дел од проектот „Мрежа“ што СДСМ го промовираше како проект на заедничко делување додека…

Мицкоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва пред големиот број на граѓани порача дека власта ветуваше раст на БДП од 5% и “живот“, а донесе пекол и темнина кај секој еден граѓанин во Република Македонија. -Ќе димензионираат трета година економија во Република Македонија, ќе димензионираат 3,2%. Па каде ви се тие 5%, така го лажевте ли народот? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват, а за да ви врват тендерите ја поништивте комисијата, Советот за јавни набавки, за да можете во 4 очи да…

Италијански министер со булдожер сруши вила на мафијаши

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, седна во булдожер и со сласт учествуваше во рушењето на вилите во Рим што ги изгради фамилијата Казамоника. – Се чувствувам извонредно – истакна Салвини откако со големо уживање учествуваше во уништувањето на покривот на една вила во Рим, која е во сопственост на фамилијата Казамоника, која, пак, наводно, е поврзана со мафијата. Фотографиите и снимките од рушењето во кое учествува министерот станаа хит на интернет. Вилата била изградена илегално, а Салвини, кој е десничарски ориентиран министер, ги исполнува ветувањата од предизборната…

БЕРЛИН: Реформите во Македонија не се мрднати, ДУИ ја продолжува корупцијата, можен е неуспех на договорот со Грција

Македонија има напредок на патот кон ЕУ, атмосферата во државата е сменета во позитивна насока и земјата добро е подготвена за почеток на преговори, но се уште не е подготвена за членство во Унијата. Пофалби за Преспанскиот договор, но и предупредувања од можен неуспех од неговата ратификација. Ова било во фокусот на дебатата за Македонија насловена „Македонија меѓу надеж и загриженост“ во германскиот Бундестаг, организирана од Друштвото за Југоисточна Европа, на која учествуваа одговорните за Македонија во Министерството за надворешни работи Кристијан Хелбах и во кабинетот на канцеларката Меркел, Матијас…

МВР: Откриени 185 кг марихуана во викендичка на струмичанец

Во викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. По наредба на судија  во претходна постапка при Основниот суд во Струмица бил извршен претрес во викендичката. – Во помошна просторија, остава-шупа, пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми. По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Струмичанецот  М.П (21) е лишен од слобода и е задржан во СВР Струмица, информираше…

Мицкоски: Со денешниот протест почнуваме сеопшта револуција против владеењето на Заев

Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење  на Зоран Заев, економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, Мицкоски напомена дека протестот е вид пркос и манифестација на се она што ги тишти граѓаните и ќе продолжи, не само во Скопје, туку и во други градови низ Македонија. Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното,…

Тело за помирување: Поканет и Заев на новиот состанок в петок

Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување на денешниот прв состанок постигнала согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело. Копретседавачот на телото, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, на денешната прес-конференција по состанокот истакна дека ваквите одлуки се донесени во интерес на процесите што претстојат, а со цел промовирање атмосфера на комуникација и соработка во контекст на ЕУ интеграциите. Трите работни подгрупи се однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната…