“Македонскиот тигар”: Нокаут за само 12 секунди

loading...

Ален Амедовски или “Македонскиот тигар” како што го нарекуваат, синоќа дојде до својата осма победа во исто толку мечеви во својата досега неверојатна кариера во ММА.

Со развиорено македонско знаме што е негов препознатлив знак, Амедовски го совлада Французинот Ибрахим Мане, кој успеа да издржи само 12 секунди во рингот, пред да биде покосен од нашиот борец.

Борбата се одржа во италијанскиот град Џенова.

Францускиот борец, иако беше фаворизиран, не успеа да го издржи ниту првиот напад на Амедовски, па само по 12 секунди се струполи на подот.

Ален како и секогаш, и после оваа борба прослави со гордо кренато македонско знаме.

Поради неговото потекло Амедовски покрај “Македонски тигар” го нарекуваат и “Принцот од Жупа” и “Кралот на Река”.


 

loading...

Related posts