ПРЕДАВНИКОТ ДИМИТРОВ

Предавникот Димитров, арогантен, безобразен и дрзок. Мене ми е срам и да те гледнм и да те слушам предавнику- му порачува екс-министерот за правда Михајло Маневски, на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дрскоста, простаклукот и ароганцијата на предавникот Никола Димитров кулминираа на вчерашната седница на Собранието. Ги навреди и пратениците и целиот македонски народ со небулозните изјави: “Се работи за нација со комплекс, која што мора да си бара корења назад две илјади години. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кој сме. Престанете со овие, страм ми е…

Кабинет на Иванов: Ги отфрламе новите лаги за Синиша Алексовски

„Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Иванов. Реакцијата доаѓа по денешното сведочење во судот од страна на обвинетиот за настаните од 27 април ланската година, Михаил Младеновски, кој за случувањата ја обвини тогашната структура на УБК, но го спомена и советникот за национална безбедност на Иванов, Синиша Алексовски, кој, според…

Селмани: Објаснувањето на Владата зошто медиумските реформи ги нема во „План 18“ е несериозно

Без ослободување на медиумите од стегите на тие чудни политички и економски стеги, јас мислам дека нема да можеме ни судски, ни да се бориме против корупцијата ни администрација. Кој ќе ги оценува тие реформи, ако медиумите не се слободни критички да се осврнат на тие реформи? Парламентот ќе ја контролира Владата, запраша Насер Селмани, претседател на ЗНМ, при гостување на емисија на 1ТВ. Селмани образложи дека не очекувале дека ќе се случи во нацрт програмата на „План 18“ медиумските реформи нема да бидат дел бидејќи беше нагласено дека ќе…

ВМРО-ДПМНЕ во среда повторно на протест против црнилата кои СДСМ ги наметнува

ВМРО-ДПМНЕ во среда на 5 декември, во 17 часот повторно ќе излезе на улица на протест против, како што велат, црнилата кои СДСМ ги наметнува. -Протестираме затоа што: Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец…

Анкетата на Телма ги потврдува тезите на Мицкоски за партизираноста на правосудството

Мнозинство од 53,5% од македонските граѓани немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имало доста голема поддршка, според вечерашната анкета на Телма и МЦМС изработена од „М Проспект“. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници. Според оваа анкета расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудството. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61% немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % или 32,7% имаат доверба.…

СОПРУГОТ НА ШЕКЕРИНСКА ВПЛЕТКАН ВО МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ?: Српската полиција ги уапcи менаџерите на „Дајнерс“ од Белград, вмешан и Божидар Јанковски?

Припадници на српската полиција во Белград уаспиле пет лица поради злoупотреба на службената положба и малверзации во врска со компанијат „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“ Уaпcени се Обрад Сикимиќ и Енес Зајмовиќ, бившите одговорни лица на „Дајнерс Клуб Интернешнл Белград“ д.о.о Белград, и Небојшка Станивуковиќ заедно со Ивана Петковиќ, бивши одговорни лица на Секторот за општи и правни работи и секторот за финансии на истото трговско друштво, поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривино дело злоупотреба на службена положба и соизвршителство. Уапcена е и Јасминка Илиќ, бившо одговорно лице…

Турчин 27 години живее на истанбулскиот аеродром „Ататурк“

Турчинот Бајрам Тепели веќе 27 години живее на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, но по Нова година ќе мора да го напушти, оти тој ќе престане да функционира и ќе биде заменет од новоизградениот, трет аеродром во овој турски мегалополис. Приказната на Тепели е слична на онаа на Иранецот, Мехран Карими Насери, кој мина 18 години на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз и беше  инспирација за филмот на Стивен Спилберг од 2004 година – „Терминал” со Том Хенкс. – Многу сум тажен што го затвораат „Ататурк“. Мене ова ми е…

Научниците без одговор: Што и се случи на планетава на 11 ноември?

Необичните сеизмички бранови забележани на 11 ноември, кои не беа почувствувани, ги збунија научниците. Брановите, кои „Нешенел џиографик“ ги опиша како „мистериозен татнеж“, кој помина низ светот, прво се појавија во близина на францускиот остров Мајот, помеѓу Африка и северен Мадагаскар. – Тие покренаа верижна реакција и ги активираа сензорите во Замбија, во Кенија и во Етиопија, за потоа да се прошират во Чиле, Нов Зеланд и Канада, па се до Хаваи, речиси 18.000 километри, наведува „Нешенел џиографик“. Земјотресите произведуваат сеизмички бранови, кои се движат или по површината на Земјата…

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете

Предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете. Во отсуство на механизми за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст, во голема мера  се намалуваат можностите за рана стимулација, што го отежнува престојот на децата со попреченост во градинките, кој се сведува најчесто на згрижување, но не и на воспитна компонента  и ран стимулативен развој. Ова го покажува извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата  со попреченост во предучилишното образование изготвен врз база на податоците од анкетните…

НАТАША КОТЛАР КОН „НЕИСКОМПЛЕКСИРАНИТЕ“: Срам ни е што ве слушаме!

Наташа Котлар од ИНИ, испровоцирана од „неискомплексираноста“ на „неискомплексираните“: „Оф, логика, о знаење на историјата, о големо „умување“ на г-от Димитров и нему сличните! Ние Македонците не сме нација со комплекси, напротив! Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша! Постои научна продукција од 73 години во РМ! Во оваа научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор итн. Но во сегашново време има „сили во воздухот“ кои очајно…