„Самсунг“ прв ќе лансира „5Г“ смартфон во САД

Телеком операторот „Веризон Комуникејшнс“ работи со „Самсунг Електроникс“ на промоција на првиот „5Г“ смартфон на пазарот во САД. Уредот се очекува да се појави во првата половина од 2019 година. Веста дојде неодамна, откако стана јасно дека ајФон на „Епл“ со „5Г“ поддршка ќе излезе на пазарот не порано од 2020 година. Така „Самсунг“ повторно ќе го надмине својот конкурент во нов пазарен сегмент – слично на ОЛЕД дисплеите. „Самсунг“ и „Веризон“ планираат да покажат прототип на „5Г“ смартфонот за време на годишниот „Снапдрагон Технолоџи Самит“ оваа недела. Самото учество…

Како зрелите луѓе се справуваат со тешки луѓе?

Емотивната интелигенција носи стабилност на долг рок. Низ овој процес ќе запознаете тешки и отровни личности кои ѝ пркосат на логиката и кои се предизвик за вашата животна сила. Тие луѓе ви предизвикуваат стрес и негативност, а еве како со нив се справуваат емотивно интелигентните луѓе. Тие поставуваат граници Реално не можете да ги задоволите сите луѓе, ниту пак можете да им ги исполните сите очекувања. Кога ова ќе го прифатите и сфатите, ќе видите дека од рамена ќе ви падне еден тежок товар и заедно со тој товар ќе…

Џафери и Мисовски на распит во Обвинителството за „27 април“

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даваа исказ по кривичната пријава што ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, кое го оспорува изборот на Џафери за претседател на Парламентот, потврдија од ЈОРМ. Џафери и Мисовски во Обвинителството се изјасниле дека изборот на претседател на Парламентот на 27 април минатата година бил легален и легитимен. Мисовски изјави дека изборот на Џафери бил спроведен согласно со Уставот и…

Уапсен поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски вечерва е уапсен. Од МВР потврдија дека Атанасовски е уапсен на барање на Јавното обвинителство и се наоѓа на распит во Кривичниот суд, пренесе МИА. Атанасовски вчера беше посочен од дел од обвинетите од настаните од 27 април во Собранието на РМ дека преку Александар Василевски – Нинџа го организирал упадот во Парламентот, а претходно, според сведоците,  дал наредба и за палење на куќите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов. Владимир Атанасовски го наследи директорското место во УБК од Сашо…

Лебот поскапува 20%, нов удар врз граѓаните

За  десет до 20 отсто или од 15 на 18 денари е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти. Министерството за земјоделство не е контактирано во врска со поскапувањето. Како што изјави за МИА министерот за земјоделство Љупчо Николовски, состојбата ќе се следи и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви. -Како што не известија денеска претставниците од мелничко-пекарската индустрија, ова зголемување е поради растот на цената на…

Грција најавува протестна нота – не и се допаѓа реториката во Македонија

Грција нема да прифати своеволно толкување на договорот од Преспа, изјави шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос на неговата средба со словенечкиот колега Борут Пахор, коментирајќи ги како што рече неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија, без притоа да посочи на што мисли. ,,Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тек бидејќи уште ништо не…

Поранешниот директор на УБК, Атанасовски се сомничи за „Здружување заради непријателска дејност“

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој вечерва беше уапсен, се сомничи за кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик, соопштија вечерва од Основното јавно обвинителство. ОЈО побара одредување мерка притвор за Атанасовски, а пред неколку минути започна сослушувањето на осомниченото лице. Неговото апсење доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

„Македонија блокира“: Остануваме тука до Нова година

Иницијативата „Македонија блокира“ и Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои проруската партија на Јанко Бачев, „Единствена Македонија“, започна со протестите пред Собранието во кое почна расправата од фтората фаза за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција. Околу 200 граѓани, кои облечени во жолти елеци, пред Собранието пеат патриотски песни, бараат итна оставка од Владата и најавуваат дека ќе постават шатори пред Парламентот и ќе останат таму да ја дочекаат Нова година. Тие го критикуваа МВР дека со тоа што поставило двојна ограда и…

Александар Македонски како крал на Персиската империја и светски владетел

Статија на МАКЕДОНСКО СОНЦЕ  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО КРАЛ НА ПЕРСИСКАТА ИМПЕРИЈА И СВЕТСКИ ВЛАДАТЕЛ   Пополнувањето на празнините со азискоатички сили беше апсолутен императив од војнички апсект. Овде, како и на административните места, избираше Иранци, особено Персијци, a no освојувањето на Источен Иран и жители од тој дел. Од семитските народи избираше морепловци за во флотата од Феникијци и Сиријци, но не ги поставуваше во копнената војска. Се гледа како во различните реорганизации овие Иранци ги доведе поблиску до својата војска. Дури и во последната иновација во Вавилон (323), кога…

Кривична против двајца Црногорци и еден државјанин на Перу за шверц на кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(61) и А.Ѓ.(24), двајцата од Црна Гора, како и против Ј.Ц.А.Г.(48) од Перу поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични…