Отпорот против хунтата станува пожесток: Од петок ќе се блокираат и раскрсниците во Скопје

Почитувани, „Македонија-Блокира„ на денешната прес конференција се осврнува на две прашање, прво, за нашите идни активности, и второ, за најавената јавна дебата на Владата за уставните промени. „Македонија – блокира„ од 1 декември започна со 24-часовно блокирање на просторот пред Собранието и еве веќе пети ден отпорот продолжува против намерата на хунтата да ги избрише македонскиот народ и македонската држава. Претходно имавме посети на домови на одметнатите пратеници на кои им врачивме писма за причините зошто не треба да гласат за уставните измени како и блокирање на автопатот и граничниот…

30 дена притвор за поранешниот директор на УБК, истрагата ќе се проширува

Обвинителството ја проширува истрагата за случувањата во собранието на 27 април минатата година. Освен екс директорот на УБК Владимир Атанасовски на кого судија на претходна постапка ноќеска му определи 30 дневен притвор, обвинителката Вилма Русковска рече дека и други лица ќе бидат опфатени како осомничени во предистражната постапка. Притворот за Атанасовски го побарале по сведочењата во судскиот процес на тројца обвинети за настаните од 27 април. Тие директно го посочија Атанасовски како еден од организаторите што е доказот на обвинителството за кривичното дело “Здружување за непријателска дејност”, а мерката притвор…

Јанушев: Во Македонија се прислушува повеќе од било кога

Обвинението спрема обвинетите за терористички загрозување на уставниот поредок е политички прогон и монтиран случај. Имаме обвинети кои што се обвинети за тероризам само зошто ја имаат пеено македонската химна, имаме госпоѓа која што е обвинета за тоа со конклудентни дејствија ја управувала толпата. Што правела? Мрдала со главата и поради тоа дејствие е обвинета, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во вчерашното гостување во емисијата 200 на ТВ Алсат М. Тој додаде дека власта на СДСМ си игра со човечки судбини, исто како што си игра со државата,…

Јаковлески: Една соседна држава ќе објави „бомби“ за Заев

Во тие разговори ќе чуеме од кого премиерот земал пари за да го потпише Договорот со Грција и што работеше за да дојде на власт иако ВМРО- ДПМНЕ победи на последните парламентарни избори – вели Јаковлески додавајќи дека Заев на власт дошол со заплашување и притисок на албанскиот политички блок Стојан Андов, Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски, биле дел од нарачетелите на атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во 1995 година, обелодени еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ, Мане Јаковлески во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа. Тој вели…

Градоначалникот на Општина Струмица со препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 01.12.2018,…

Во Италија нов удар кон мафијата,90-мина уапсени

Десетици мафијаши се уапсени во Италија , Холандија, Германија, Белгија и во Јужна Америка во денешната операција против италијанската криминална група ,,Ндрангета”. Италијанската полиција заедно со Еуроџаст , европска агенција која ја надгледува правосудната соработка , изјавија дека лицата се уапсени за криумчарење кокаин , перење пари , мито и насилство. Италијанската полиција соопшти дека се уапсени 90 лица , а апсењата се потврдени и во Јужна Америка. Цел на акцијата се членовите на криминалното семејство Ндрангета од местото Лакри во Калабрија, на југот на Италија. ,,Ндрангета” е една од…

Царовска: Од сиромаштија не се излегува со гарантиран приход, туку со вработување

На жените жртви на семејно насилство им се гарантира приход од 4.500 денари додека се сместени во шелтер центрите доколку не се активни, но од сиромаштија не се излегува со гарантиран приход, туку со вработување, порача вечерва министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа во емисијата „Топ тема на ваша страна“ истакна дека центрите во шесте месеци кога жената е сместена во шелтер центарот треба да најдат начин како таа да стане финасиски независна. -Не е битно дали тоа ќе биде со дообразување, преквалификација, нешто друго или со…

ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ

Мартин Треневски, член на Првата демократска влада на независна Македонија ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ Една неодамнешна промоција на книги, што вообичаено би требало да биде културен настан, прерасна во по многу нешта контравезна случка што отвори стари рани и многу прашања! Станува збор за претставувањето на десетте тома избрани дела на Стојан Андов во издание на Матица Македонска. Велам контроверзна од причини што тој настан силно ја брануваше македонската јавност, а еве зошто: Пред се заради поводот! Имено, дали со промоцијата на десетте тома избрани дела, наводно за да…

Ако Македонија е Се што имаме тогаш ајде заеднички да седнеме на иста маса

Иван Соколов Ако Македонија е Се што имаме тогаш ајде заеднички да седнеме на иста маса, заднкчки да тргнеме против злото Заев и СДС. Ако Македонија е наша заедничка татковина, ако е Македонија се што имаме, тогаш и грижата и борбата за неа, треба да биде наша заедничка. Кога веке сме кај заедничката борба за Македонија,во моментов наше заедничко е само злоупотребата на таа борба. Заев тврди дека сето тоа што го прави, нее предавство, туку борба за подобар живот во Македонија. Мицковски и ВМРО ДПМНЕ со сите сили(со тие…

ВИДЕО: Исповед на бизнисменот кому министер од Владата на Заев на сила, без надоместок му ја одзел компанијата

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21. Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство…