АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ – ПОВИК ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СТРУМИЦА ДА ГО АЖУРИРАТ СВОЕТО ЧЛЕНСТВО ВО ОК ВМРО-ДПМНЕ, СТРУМИЦА (Видео)

loading...


Во прилог и интегрален текст од денешната прес конференција на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ , Александар Донев.

ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ, СИМПАТИЗЕРИ И СОГРАЃАНИ.

НАШАТА ПАРТИЈА ВМРО-ДПМНЕ СЕКОГАШ ЗАСТАНУВА НА БРАНИКОТ НА ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ И ЗАТОА ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ТАКВА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕТСТАВУВА ЧЕСТ И ОДГОВОРНОСТ.

КАКО НАЈГОЛЕМА ПАРТИЈА ВМРО-ДПМНЕ НА СЕКОИ 4 ГОДИНИ РЕДОВНО ВРШИ АЖУРИРАЊЕ НА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО.

ЗА ДА СЕ УТВРДАТ ДОСЕГАШНИТЕ ПОЗИЦИИ И ДА СЕ СОБЕРАТ НОВИ СИЛИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ.

КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА АЖУРИРАЊЕ . ВЕ ИЗВЕСТУВАМ ДЕКА АЖУРИРАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 12 ДО 20 ЧАСОТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СО ЛИЧЕН ДОКУМЕНТ И ФОТОГРАФИЈА.

ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ, ГОДИНИТЕ ШТО ИЗМИНАА НИ ПОКАЖАА ДЕКА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е САМО ФОРМАЛЕН ЧИН ТУКУ БАРА ВЛОЖУВАЊЕ ЕНЕРГИЈА ВО АКТИВИЗАМ. ЧЕСТО БАРА ЖРТВА КОЈА МАКЕДОНСКИОТ СЕКОГАШ НАРОД ЈА ПРЕПОЗНАВА. ЗАТОА ВЕЌЕ ПЕТТИ ДЕН ШТАБОТ НА НАШИОТ КОМИТЕТ ГО ПОСЕТУВАТ ГОЛЕМ БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ. ПОСЕБНО РАДУВА ФАКТОТ ШТО ПОСТАРИ ЧЛЕНОВИ СЕГА ГО ОБНОВУВАТ СВОЕТО ЧЛЕНСТВО УБЕДЕНИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОДГОВОРИ НА ВРЕМЕТО ШТО ДОАЃА.

СО ОВА ОБРАЌАЊЕ БИ САКАЛ ДА ГИ ОХРАБРАМ СИТЕ НАШИ СИМПАТИЗЕРИ КОИ ЈА ПОДРЖУВАТ НАШАТА ПАРТИЈА ВО ОДЛУКИТЕ И НАСТАНИТЕ, ДА СЕ ЗАЧЛЕНАТ ВО РАМКИТЕ НА АКЦИЈАТА ЗА АЖУРИРАЊЕ КОЈА ЌЕ ТРАЕ ДО 31 – ВИ ЈАНУАРИ 2019 – ТА ГОДИНА.

ВО УСЛОВИ НА КАПИТУЛАНТСКАТА ПОЛИТИКА НА ВЛАСТА, ВО УСЛОВИ НА ТОТАЛЕН ЕКОНОМСКИ КОЛАПС, НИ ОСТАНУВА ДА ГИ ЗБИЕМЕ РЕДОВИТЕ ВО ПАТРИОТСКАТА ВМРО-ДПМНЕ ПОД ЕДИНСТВЕНИОТ БАЈРАК НА МАКЕДОНСКАТА ИДЕЈА КОЈ КАКО ЗАВЕТ СМЕ ГО НАСЛЕДИЛЕ ЗА ДА СИ ЈА ЗАЧУВАМЕ И УНАПРЕДИМЕ ТАТКОВИНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА .

 

ИЗВОР: media24.mk


 

 

loading...

Related posts