Градоначалникот на Општина Струмица со препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

loading...

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 01.12.2018, 02.12.2018 и 03.12.2018 година)  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси, комбиња), користење  на јавен превоз кога станува збор за локалните,  населени места,

Приватните возила да не се користат без поголема потреба,

            -Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

            -Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и   контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила, 

            -Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно   масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и    мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа,   парчиња гума и било каков синтетички  материјал, 

            -Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, 

            -Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и  редовно да се чистат оџаците, 

            -Да се користат печките на пелети бидејќи  имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,

    

            -Пелетите  да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и  без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи,бои и   лакови)

           

            -Ефикасното грејно тело го загрева  домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата,  

            -На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви    заболувања, но и за  лицата кои работат на отворен простор им се            препорачува ограничено движење и  активности на отворен простор,     

            -Носење на филтер маски за дишење,     

            -Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна  на ЈПКД „Комуналец“.


Градоначалник на Општина Струмица

Коста Јаневски

loading...

Related posts