Д-р Игор Јанев: НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава! |media24.mk

loading...

НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава Регионите немаат државно-правен идентитет, а само држава (а не и регион) е субјект на меѓународното право. И во Судската пресуда јасно е искажано дека иредентизам не е основан и дека другите Грчки наводи и барања немаат правна основа. Со повикување на „поширок регион” Димитров покажува правната неписменост односно комплетната неедуцираност во меѓународното право. Имено, правниот идентитет на Држава (односно меѓународно-правниот идентитет на една држава) е основен елемент на меѓународна правната личност, а без правната личност (правниот субјективитет) непостои Државност. (Државност, покрај територија, население и суверена власт, мора да поседува меѓународно правниот субјективитет потребен за склучвање договори и вршење други акти и правни послови). Во ООН е пракса да државите само информираат управен орган за своето државно име или знаме (односно Секретаријатот или Генсек), а евентуален проблем би можал да настане само доколку друга држава-членка е веке со исто име во ООН, со које новиот апликант аплицира во ООН. А ова кај нас не е случај. Непостои друга држава заведена како Република Македонија. Со уставните амандмани се доведува во прашање државно-правниот континуитет на Македонија. Државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јурисдикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотуѓиво и суверено право. Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS. Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и државаРегионите немаат државно-правен идентитет, а само…

Publiée par Igor Janev sur Mardi 4 décembre 2018


Извор: Социјални Мрежи

loading...

Related posts