Арсовски: Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството

Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Цела недела Заев и Оливер Спасовски ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и се уште не даваат никаков одговор за тоа кој прислушувал, кој се ги има разговорите кои нелегално се снимани, кој ги преслушал и најважното кој ќе сноси одговорност. Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Затоа и молчат цела недела и…

Три градoви од Македонија меѓу 10-те најзагадени во Европа

Според Светската здравствена организација (СЗО), на листата на 10-те најзагадени градови во Европа има пет од Балканот, и тоа Тузла (БиХ), Плевља (Црна Гора) и Скопје, Тетово и Битола (Македонија). СЗО предупредува дека со тоа се нанесува огромна штета на економијата и луѓето. Според студијата на СЗО од 2016 година, загадувањето на воздухот во 2010 година е причина за повеќе од 37.000 смртни случаи во Западен Балкан, со население од 23 милиони. Ова е, во споредба со бројот на жители, шест пати повеќе отколку во Франција, но оттогаш не се…

Наместо субвенции кај населението,власта сама ќе си додели субвенции на себе и своите најблиски вели Тошевски

Тошевски: Субвенциите за печки на пелети ќе завршат кај функционерите од власта Советникот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола Иванчо Тошевски на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со субвенционирањето на печки на пелети. -Субвенциите за печки на пелети ќе завршат кај функционерите од власта. Сумата од 1 милион денари за субвенција на велосипеди не се искористи целосно, затоа што вие ја најавувате како мерка која што ќе има којзнае како ефект на тема загадување на воздухот, сепак беше пласирана во јавноста во погрешно време и тоа е причината што не се…

ГШ на АРМ: Груби дезинформации се дека АРМ била инволвирана во „27 април“

Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се вели во демантот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Оттаму информираат дека како и секогаш досега,…

Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководител

Покрај покачените даноци и растот на цените, македонските граѓани од наредната 2019 година ги очекува уштете едно дополнително финансиско оптоварување. За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти. Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, во кое гостуваше директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на прашање на водителот,…

Реал ги бара Икарди и Манолас

Европскиот шампион Реал Мадрид, е заинтересиран за ангажирање на Мауро Икарди од Интер и Костас манолас од Рома. Според пишувањата на италијанските медиуми, претставници на Реал го следеле натпреварот меѓу Рома и Интер минатиот викенд за да го проследат меѓусебниот дуел на двајцата играчи. Реал се обидува да стигне до Икарди веќе некое време, а Гркот од Рома е на листата на желби за јануарскиот трансфер рок. Цената на Икарди е околу 110 милиони евра, додека за Манолас треба да се издвојат 36. Останува да се види дали ќе има…

Жените – жртви на сексуално вознемирување на работа ретко покренуваат судски спор

Има висок степен на вознемирување на жените на работните места и не постојат силни механизми за нејзина заштита. Жената-жртва на сексуално вознемирување на работното место ретко покренува судски спор и најчесто целата работа се врти околу тоа што направила таа и дали провоцирала, укажуваат невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Од друга страна, проблем е и тоа што судските спорови се долги и скапи. Препорачуваат да се направи сеопфатна анализа и да се види дали е добра имплементацијата на законот и дали постојат доволно добри заштитни механизми. – Во…

Заев бега од дебата со професори со различен став !? Не оди на УКИМ, дебата прави во ФОН

Денеска премиерот Зоран Заев одржува јавна дискусија во просториите на ФОН за уставните амандмани со претставници од овој факултет. Наместо дебата да започне од државните Универзитети Заев отиде на ФОН, дел од професорите кои ги контактиравме велат дека Заев очигледно се плаши од спротивен став, па затоа не отишол на правниот факултет или другите факултети при УКИМ во Скопје. Но, тука се поставува и уште едно прашање дали Заев се плаши од соочување и со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој воедно е и професор на Машински факултет при УКИМ.…

Писмо на Ајнштајн, во кое го негира постоењето на Бог продадено за 2,9 милиони долари

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека  Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет продадено е на аукција за речиси 2,9 милиони долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“. Ајнштајн, во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека е „колекција на благородни, но сепак примитивни легенди“. – Зборот Бог за мене не е ништо други туку израз и производ на човековата слабост, напиша физичарот една година пред смртта. Наддавањето за писмото траело само…

Затоплете го домот со овој неверојатен трик, без дополнителни парични средства

Овие два евтини и практични совети ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства. На ѕидот зад радијаторот залепете  каков билорефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија. Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па…