Наместо субвенции кај населението,власта сама ќе си додели субвенции на себе и своите најблиски вели Тошевски

loading...

Тошевски: Субвенциите за печки на пелети ќе завршат кај функционерите од власта

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола Иванчо Тошевски на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со субвенционирањето на печки на пелети.

-Субвенциите за печки на пелети ќе завршат кај функционерите од власта. Сумата од 1 милион денари за субвенција на велосипеди не се искористи целосно, затоа што вие ја најавувате како мерка која што ќе има којзнае како ефект на тема загадување на воздухот, сепак беше пласирана во јавноста во погрешно време и тоа е причината што не се искористени финансиските средства. Граѓаните нема да се согласат кога на списокот ќе видат имиња на функционери за субвенции. Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема ниту еден апликант и тој пример треба да се следи. Упатувам јавен апел да ги повлечете вашите барања за субвенционирање, независно дали се печки на пелети или велосипеди, стои во статусот на Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.


 

loading...

Related posts