Шон Пен снима документарец за убиениот новинар Кашоги

Американскиот глумец Шон Пен се наоѓа денеска во Истанбул, каде работи на снимање документарен филм за новинарот Џамал Кашоги, кој на 2 октомври е убиен во саудискиот конзулат во тој турски град. Актерот, кој е добитник на два „Оскара“, пристигнал пред конзулатот, каде неговата екипа почнала со снимање. Медиумите пренесуваат видео снимка на која се гледа Пен како разговара со камерманот пред оградата на турската полиција која спречува пристап до конзулатот. Кашоги во дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Истанбул е убиен на 2 октомври, каде дошол по документи потребни…

Кубанците од денеска имаат мобилен Интернет

Кубанците од денеска ќе имаат пристап до интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија Етекса, што е пресврт во земјата чија поврзаност долго време беше меѓу најмалите во Западната хемисфера. Речиси половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но сепак, нема да можат сите да си дозволат мобилен интернет. Директорите на Етекса во информативна телевизиска емисија објавија разни едномесечни пакети, почнувајќи од 600 мегабајти по цена од седум долари за пакет, до 4 гигабајти за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100 мегабајти ќе…

Во Канада уапсена финансиската директорка на „Хуавеј“

Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу е уапсена на 1 декември во Канада, објавија денеска американските медиуми. Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД. Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата „Хуавеј“ поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД. Компанијата преку соопштение го потврди апсењето на Менг, истакнувајќи дека не е јасен прекршокот поради кој е уапсена потпретседателката на…

Обилни врнежи од дожд и снег во Македонија

За следните денови се најавува стабилно и суво време. Пресврт се очекува во сабота кога врнежи од дожд ќе ја „нападнат“ Македонија. Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Од недела кон понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но на планините.  

Промоција на добри практики за зелена економија

Случаи на добри практики за зелена економија ќе бидат презентирани денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје. Целта е да се мотивираат земјите од Балканот да започнат да инвестираат повеќе во оваа област. Презентацијата е дел од  проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија.  Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.  

Осудениот гинеколог Дамчевски избегал од Македонија – работи како доктор во Бугарија

По бегството на екс-премиерот Никола Груевски, уште едно бегство се случи од нашата држава. Гинекологот Никола Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија, пренесува НОВА. Наместо да оди да ја издржи казната затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1.6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од осум години. Според информациите на НОВА, гинекологот Дамчевски е…

Голема полициска акција во тетовско, пет странски државјанки изнесени со лисици

Ноќеска од 23,00 до 04,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки. Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.  

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари од серијата хороскопски знаци

„Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги издаде и ги пушти во оптек Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Станува збор за дел од серијата „Хороскопски знаци“, а цената на кованите пари е 2.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија. Сите три монети во централниот дел на аверсот имаат четири атласа што го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница…

Со сведочење на Нинџа продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. На денешното рочиште одбрана треба да дава обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој има предложено тројца сведоци. На минатото рочиште од правото да изнесат одбрана се откажаа обвинетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Питроповски. Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска. За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок…

Промоција на интернет платформа за пријавување корупција

По повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска ќе ја промовира интернет платформата prijavikorupcija.mk пред студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Презентацијата ќе биде неформална, на штандови поставени на сите факултети во кампусот на УКИМ, каде студентите и професорите ќе имаат шанса директно да се информираат и интерактивно да ја тестираат платформата. Корупцијата и судирот на интереси претставуваат феномени за кои во сите релевантни анализи се истакнува дека сѐ уште остануваат во значителна мера неказнети, а перцепцијата на…