Крвав грабеж во Бразил: 11 мртви во напад на две банки

loading...

Единаесет лица, вклучувајќи и петмина заложници, се убиени во напад на две банки во североисточниот дел на Бразил.

Лајлсон Ландин, градоначалник на градот Милагерс, изјави дека шестмина разбојници ги нападнале банките денеска, пред зора, по што следувала жестока престрелка на ограбувачите со полицијата.

Во размената на оган, убиени се шестмината напаѓачи.

Ландин посочи дека се убиени и петмина заложници, меѓу кои и дете.

Локалните медиуми наведуваат дека воената полиција се пресметала со бандата. Очевидци тврдат дека престрелката траела повеќе од 10 минути

loading...

Related posts