(ФОТО) Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово.


Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово.
Вредноста на донацијата изнесува 78.000 франци, без дополнителните трошоци (превоз, итн.).
Донацијата се состои од :
– Метларка
– Камион
– ПМВ Рено Канго (две)
– ПМВ Цитроен Берлинго
– Контејнери и канти за отпад,
– Друга додатна опрема.
Оваа донација немаше да се реализира без поддршка на Горан Мијалов од Босилово, кој што живее и работи во Фрибург- Швајцарија и во име на граѓаните на Општина Босилово изразувам благодарност до Горан и неговото семејство.
Верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина.
Постепено ги јакнеме капацитетите на ЈКП “Огражден” – Босилово.