Кога амбалажите продаваат… (фото)

Амбалажата на еден производ може да го стави неговиот квалитет во втор план и тоа е одличен успех во сферата на маркетингот и дизајнот. Има толку многу варијации на еден ист производ, што кога ќе застанете пред полиците во супермаркетите, невозможно е да се одлучите. Овие амбалажи дефинитивно ви ја олеснуваат работата, бидејќи без двоумење ќе посегнете по нив, наместо по нивната конкуренција: Вино – крв од грозје Чили сос Шише вино од кое се вадат две чаши Чадор полн со свеж зеленчук Ластичиња за коса Маслиново масло доволно за…

Скјапарели и Дали – ретроспективна изложба на двајцата генијалци пред своето време

Ги спојува Париз во 30-те години на минатиот век. Боемскиот град на уметниците бил средиште на авангардните и прогресивни таленти, па Париз некако сосем се вклопува во нивната заедничка приказна: Салвадор Дали и Елза Скјапарели. Два генијални ума далеку пред своето време. Таа креирала висока мода инспирирана од неговиот надреализам. Двајцата протагонисти совршено ги надополнувале своите несовршености и благодарение на нивната луцидност во уметничкиот израз, нивните дела се школски пример за бескомпромисна уметност.Во октомври годинава се отвори првата и по многу нешта значајна, заедничка ретроспективна изложба на шпанскиот сликар и…

Досетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користиме

Дизајнерката Катерина Кампрани од Атина ќе ви предизвика голем стрес и нервоза со нејзината колекција на секојдневни предмети изработени специјално за да ги нервираат луѓето. Колекцијата се нарекува „Неудобното“ (The Uncomfortable). Вистинско изненадување, зар не?!   Дизајните се исто толку елегантни колку што се и бескорисни. Самото гледање во нив ќе направи да се чувствувате напнато! Би сакале да имате бетониран чадор? Целта на овој проект е да се наруши практичноста на секојдневните предмети и да се промени нивниот изглед доволно за да ги направи комплетно апсурдни. Катерина објаснила на нејзиниот…

Каде живее најплатениот актер!

Роберт Дауни е најскапиот актер последниве неколку години. После сите премрежја што ги имаше во животот, откако ја сретна неговата сопатничка која е и филмски продуцент, неговата кариера доживеа невиден успех, а тие се сега веќе среќно семејство со две мали деца Екстон и Аври. Овој 52-годишен актер во декемвриското издание на Architectural Digest го претставува својот совршен дом кој датира од далечната 1885 година, а се наоѓа во источен Хемптон, Њујорк. Тој ја купил оваа куќа за 11,9 милиони долари и полека почнал да ја уредува како што тој и Сузан…