ЕУ планира 9,2 милијарди евра за дигитален развој

Европската комисија планира да формира прва Дигитална европска програма за периодот од 2021 година до 2027 година за кој би биле издвоени 9,2 милијарди евра. Целта е формирање единствен дигитален пазар во Европа.Тоа го изјави Мартин Бајлеј, шеф на одделението за дигитална индустрија на ЕК. За време на конференција за дигиталната индустрија што се одржува во Трогир, Бајлеј истакна дека заедничкиот пазар ќе овозможи единствен правен рамки за да може луѓе и компании од Европа во целост да ја искористат дигиталната трансформација. -На пример, САД имаат голем пазар каде компаниите…

повеќе

РЕФЕРЕНДУМ: Романците одлучуваат бракот како заедница меѓу маж и жена да влезе во Уставот

Околу 19 милиони Романци со право на глас денеска и утре гласаат на референдум за промена на уставната дефиниција на семејството. Организирањето референдум го одобри Уставниот суд на Романија. Граѓанската иницијатива за промена на Уставот, со цел да се детализира дека семејство се заснова врз основа на брак меѓу маж и жена, а не меѓу сопружници, како што е во моментов, собра три милиони потписи. Иницијативата ја поддржа и Романската Православна Црква, чиј партријарх неодамна оцени дека референдумот е „исказ на патриотизам“. Откако проектот беше одобрен во Парламентот, Уставниот суд…

повеќе

ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА ЕУ: Референдумот во Македонија успешен со 36,9 отсто, а неуспешен беше лани во Каталонија со 43,03 отсто

Европската унија, како синоним за праведно и напредно општество и друштво на држави, во кое се почитуваат Уставот и законите, и на кое сакаме да му се приклучиме, во рок од две години покажува две различни формули и стандарди за пресметување на процентите, цензусот и за тоа што е успешен и неуспешен референдум. Денеска уште не беа официјално соопштени бројките од референдумот за промена на името на Република Македонија, а веќе од Брисел во Скопје пристигнаа „поздрави за успешноста“ на референдумот за Северна. Но, само пред една година, од Брисел…

повеќе

САЛВИНИ ДО АСЕЛБОРН: Земете си ги сите мигранти во Луксембург, Италија веќе ги има премногу

Жестока полемика околу илегалните мигранти има викендов помеѓу италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини и шефот на дипломатијата на Луксембург, Жан Аселборн. Луксембуршкиот министер го нарече Салвини фашист, по што следеше вербална војна преку медиумите, во која италијанскиот министер му одговори: – Социјалистичкиот министер на даночниот рај Луксембург, откако ги спореди нашите италијански претци емигранти со денешните илегални мигранти, сега ми одреди и титула фашист, одговори Салвини на Твитер. Италијанскиот министер додаде дека ако Луксембург толку ги сака мигрантите нека ги прибере сите, бидејќи во Италија веќе ги има…

повеќе

ЕУ со фашистички однос кон Унгарија: Само поради тоа што Орбан сака суверенитет!

Унгарија е казнета од страна на ЕУ, само поради една причина: суверенитетот на државата си го сфаќа сериозно, објави Спикед. Унгарија е таргет на т.н. лов на вештерки воден од страна на алијансата на евро-федералисти и космополитски политичари. Целта на нивната пропагандна кампања е да ја делегитимизираат унгарската влада, нарекувајќи ја ксенофобична, квази-фашистички ентитет кој се заканува дека ќе ја поткопа демократијата низ европскиот континент. Кампањата за клевета против Унгарија до одреден степен се покажа како успешна. Затоа голем дел од Европскиот Парламент вчера гласаше Унгарија да биде казнета. За прв…

повеќе

СЛОВЕНИЈА СТАВИ РАМПА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: Од што ли уште ќе треба да се откаже Заев?

Слаба ЕУ нема да се прошири кон Западен Балкан, изјави словенечкиот претседател Борут Бахор на стратешкиот форум на Блед и предупреди дека моменталниот застој во кој се најде ЕУ ќе се претвори во криза доколку преовладеат националистичките политики. Британскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на агенцијата Нова информира дека Пахор рекол оти ЕУ е ослабена со Брегзит и „можеби ќе мора да ги одложи плановите за проширување кон Западен Балкан“. Обраќајќи се во присуство на главниот европски преговарач за Брегзит Мишел Барние, Пахор рече дека Унијата не може да се надева…

повеќе

Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Западен Балкан

Во своето годишно обраќање пред Европскиот Парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот. – Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство – изјави Јункер во својот говор. Тој истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека сė уште „останува да се прават напори“, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји како Унгарија, Полска и…

повеќе

ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ САЛВИНИ: Ангела Меркел ги „потцени” предизвиците за масовната миграција

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, вели дека германската канцеларка, Ангела Меркел, ги потценила проблемите што ќе ги донесе масовната имиграција, поврзувајќи го нејзиниот став за отворени граници со расистичкото насилство што го потресе германскиот град Хемниц, пренесува „Локал“. „Меркел дефинитивно го потцени ризикот од социјални судири кога тврдеше дека има место за стотици илјади луѓе во Германија. Сè уште се сеќавам што се случи за време на новогодишните празници во Келн во 2015 година, а и на други места,“ изјави Салвини за „Дојче веле“ во понеделникот. Стотици жени…

повеќе

Премиерот на Чешка ја повика ЕУ да ги затвори границите за мигрантите

Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика на построга политика кон мигрантите и бегалците во Европската унија. „Прво треба да испратиме јасен сигнал, дека Европа е затворена и дека повеќе никој не може да доаѓа тука“, истакна Бабиш за весникот „Право“. Според него, пораката на Европа за бегалците треба да биде „седете си дома и ќе ви помогнеме таму“. „Пораката треба да не биде двосмислена. Ако сум рекол дека нема да прифатиме ниту еден илегален мигрант, значи тоа ќе се случи“, потенцираше Бабиш.

повеќе

Полска ја растури Европската олигархија: Наместо данок за граѓаните, воведе ДАНОК ЗА БАНКАРИТЕ!

Додека банкарите се среќни, граѓаните на државата никогаш нема да бидат среќни! Европската унија веќе не знае како да ги контролира земјите како Полска, чии граѓани почнаа полека да се будат. Кружат приказните за санкциите се кои оваа земја ќе се соочи само поради тоа што се спротиставила на олигархијата на Европската унија и на должничкото ропство, како и создавањето на една атеистичка влада над сите држави во Европа. Да, Полска и те како се буди. Банкарскиот принцип тие го применија на самите банки и одобрија закон со кој ќе…

повеќе