Арсим Зеколи:Трчајте по Заев и барајте безусловна оставка на неговата влада!

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи за актуелните настани се осврна на својот фејсбук профил. -Како што трчавте синоќа бркајќи сенки на Грујо по гаражи, повелете вечерва и утре и задутре и прекутре трчајте по Заев и барајте безусловна оставка на неговата влада. Ако не, тогаш не се жалете што ве третираат за загари, напиша Зеколи.

повеќе

Демократијата како политички систем

Во камен-темелниците на модерните правно-државни демократии припаѓаат: Уставот во писмена форма, со кој се одредуваат институционалните рамки на демократијата и кој во некои земји е заштитен од независен Врховен суд. Еднаквоста на сите граѓани: сите граѓани врз основа на принципот за недискриминација ја уживаат истата правна заштита и ги имаат исто така и истите правно дефинирани должности. Општото избирачко право: возрасните граѓани го имаат правото да гласаат на парламентарните избори за партии и/или за кандидати. Одредени системи предвидуваат за тоа референдуми или анкетирање на народот, значи право на граѓаните да…

повеќе

Кој се неопходните извори на политичка моќ?

Принципот е едноставен. На диктаторите им е потребна помош од народот со кој владеат, без која тие не можат да ги обезбедат и да ги одржуваат изворите на политичка моќ. Во извори на политичка моќ спаѓаат: • авторитет, увереноста на луѓето дека режимот е легитимен  и дека имаат морална обврска да му се покоруваат; • човечки ресурси, бројноста и важноста на лицата и на групите што се покоруваат, соработуваат или им помагаат на владетелите; • вештини и знаење, кои му се потребни на режимот за да извршува специфични активности, а му…

повеќе

Идеологија; Либерализам и неолиберализам

Поимот идеологија како термин се појавува некаде крајот на 18 век, се со цел да означи еден начин на гледање на нештата. Идеологијата така, се сфаќа како систем од филозофски, политички, правни, морални погледи (идеи) кои што ги изразуваат интересите и односите на општествените класи и слоеви. Според Карл Манхајм, идеологијата се состои од верувања и вредности на владејачката класа кои ги прикриваат реалните (вистинските) состојби. Таа е всушност начин на гледање на светот која го попречува вистинското согледување на состојбите (прикривање на стварноста). Пример кој го потврдува ова е…

повеќе

Македонија #Блокира најави за четврток дека ќе одат пред домот на Елизабета Камчевска Милевска

Објава – Продолжуваме! Четврток, 15 ноември одиме пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска. Собирно место пред Собранието од каде тргнуваме во 19 ч. Очекуваме и повикуваме на масовно присуство оти влегуваме во финална битка за опстанок на македонската држава и македонскиот народ! Напиша од „Македонија #Блокира„ на својата фан страница на фб Објава – Продолжуваме!Четврток, 15 ноември одиме пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска. Собирно… Posted by Македонија#Блокира on Tuesday, 13 November 2018

повеќе

Полска гори: Околу 200.000 маршираа, патриотите го запалија знамето на ЕУ (ВИДЕО)

Околу 200.000 луѓе, вклучувајќи ги полските лидери и националистички групи, маршираа низ Варшава во неделата за да ја одбележат 100-годишнината од независноста на Полска. Ваквиот марш веќе некое време е тема на дебата за тоа дали владејачката партија ги поттикнува фашистичките групи и антисемитските движења. Владините функционери се движеа на одредена оддалеченост од главниот марш и националистите. https://twitter.com/HooligansTV1/status/1061637782651760642 На неколку стотици метри зад нив, учесниците во маршот носеа банери со напис „Бог, чест, татковина“, а некои извикуваа: „Гордост, гордост, национална гордост“ и „Полска треба да биде на народот, а не…

повеќе

Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон!

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Иницијативата Правда за Никола Груевски искажува незадоволство од одбивањето на второстепената жалба за одложување на издржувањето на казната на поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Со ова уште еднаш се потврдува политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија. Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон! Јавно бараме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право и да ги заштити недолжните граѓани кои се опфатени со овој прогон. Како народ и држава несмееме да дозволиме затворите во Република Македонија да се исполнат со…

повеќе

Фросина Ременски: Ќе има одговорност и за обезбедувањето на Груевски

По информацијата дека екс премиерот Никола Груевски во текот на вчерашниот ден не го прими решението на Кривичниот совет, по што требаше да замине во затвор, пратеничката Фросина Ременски предупредува дека одговорност има и неговото лично обезбедување, се разбира доколку оневозможуваат да се спроведе законот. -Со законски измени од 2013 година Никола Груевски доби право на 6 обезбедувачи, возило и шофер, онолку долго колку што бил на функцијата на трошок на МВР. Тие привилегии ги користи ден денес. Обезбедувањето е од шестата управа при МВР 24/7. За сите прашања поврзани…

повеќе

“Македонија блокира” денес во Охрид на протести пред пратениците кој гласаа ЗА отварање на уставо

За денес во 14 час “Македонија блокира” на нивниот фб најави тргнување кон Охрид, за да изрази протест кон пратениците кој гласаа “ЗА” Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку дена, со запалени свеќи и патриотски песни, демонстранти организирани од партијата Единствена Македонија протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, кој во Собранието исто така гласаше за почнување на процесот за уставните измени.  

повеќе

Николова удри по Кирацовски: Зошто чесни млади интелектуалци не се вработуваат и како ти од Могила си ја вработи љубовницата во Катастар?

Мери Николова, една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата, на својот Фејсбук профил жестоко распали по генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски. Ти си најголемото промашување како секретар, ја уништи партијата. Кирац објасни и на јавноста зошто чесни млади интелектуалци не се вработуваат и како ти од Могила си ја вработи љубовницата во Катастар?, напиша Николова на својот Фејсбук…

повеќе