Палимпсест – Се јавувам од непозната земја

Известување број 2.018 Она што можам да го забележам во секојдневноста на оваа непозната земја е дисхармонијата помеѓу информациите што ги испорачуваат средствата за јавно информирање и реалноста во која се живее. Мислам дека тоа може да се разбере доколку се следи неразбирливиот слоган на власта, која бара од граѓаните да бркаат „посветла иднина“. Тоа е успокојувачко објаснување, но… Мојата страст за минатото (среќа е што сум странец – случаен минувач во оваа непозната земја) ми обезбеди прекрасни амбиенти заборавени простори од минатото на оваа земја и во една пригода…

повеќе

Бејли, сепак, бил во Собранието на „црниот петок“

Во интервју за руската Национална телевизија (пренесе МИНА на 30 октомври 2018), министерот за надворешни работи Лавров изјавил дека „дента кога се гласаше за отворање на Уставот, поради промена на името на државата, амбасадорот на САД бил цело време во Собранието. Таму бил за да ги поддржи и помогне сите илегални активности“. Лавров истото тоа му го кажал и на Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Трамп, кој „се смеел велејќи дека е тоа ’многу тешка земја’“. Лавров исто така рекол дека „против пратениците на опозицијата немало само поткупи…

повеќе

Бегство меѓу „се договориле“ и „неспособни се“

Со позајмен твит на симпатизер на власта ја насловувам колумната за бегството на Никола Груевски во Унгарија, кое одекна како ретко која вест, а многу добро ги опишува гледиштата на јавноста. По неколкудневна потрага и исчекување, поранешниот премиер Никола Груевски објави на Фејсбук дека поради закани по неговиот живот, се наоѓа во Будимпешта и дека бара политички азил. Веста ги фрли во сенка сите други вести и ја преокупира целата јавност. Првите политички анализи говорат дека бегството ќе се одрази негативно по Никола Груевски и по ВМРО-ДПМНЕ, но и по…

повеќе

 Давче Насевски -Војна против војните

Колумна за Нова Македонија (Авторот е магистер по мир и развој и поет) Викендов, поточно во неделата, отчука еден од најпознатите цагери во историјата на човештвото (часот 11.11), означувајќи сто години од крајот на Првата светска војна. Со оглед на настаните по неа, можеби посоодветна би била формулацијата „од паузата на светската војна“, која се чини никогаш не завршува, барем што се однесува до жртвата и бесмисленоста. Другото е историја на човечката трагедија. Еден таков историски чин, грандиозен (единствено) во наследството на ужасот и срамот (со околу 20 милиони жртви,…

повеќе

Македонскиот фронт 1918-2018

Вчера се одбележа стогодишнината од крајот на Првата светска војна. Во многу земји, 11 ноември се одбележува и како Ден на паметење на милионите жртви на една бесмислена војна. Тешко е да се одолее да не се одбележат вакви датуми, а на политичарите отсекогаш полесно им паѓало да покажуваат пиетет за мртвите отколку за живите несреќници (иако Трамп и тука е исклучок, откако поради лошо време не положи венец пред паднатите американски војници). Во Париз лидерите на т.н. слободен свет оддадоа почит и (лицемерно) се заветија на вечен мир. Неважно…

повеќе

Русјаков:Како влијае Путин врз нас преку перуниките

Колумна на Александар Русјаков за Нова Македонија Тоа е тоа, македонските проруски неопаганисти, кои го славеле словенскиот бог Перун, сигурно се во контакт со оние 12.000 агенти на ФСБ, кои од неодамна, како што ни откри еден портал, да ти биле во Македонија. Преправени се во перуники. Преку тие перуники Путин вибрира зла руска пропаганда за окупација на Македонија. Не знам само зошто застанавте на ова епохално откритие. А џунџулињата? Уф, со што да започнам? Со Хан, со Тимоние или со „лошите“ Руси, кои сакаат да го поробат ЕУ/НАТО-протекторатот Северна…

повеќе

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Параходот на малодушните!

“Жалете ја нацијата што не го крева гласот кога оди во погребна поворка, што не се фали освен меѓу сопствените руини и, што не се бунтува кога вратот и е ставен помеѓу меч и клада“ Денеска е Свети Димитрија, заштитникот на Солун, или, попознат како ден Митровден. Ден кога во годините паѓал првиот снег, а, според преданијата, комитите слегувале од планините и се прибирале по дома, за да ја поминат зимата, да соберат сила, да ги излекуваат раните, па здравје, штом запролети, на Ѓурѓовден, одново в планина, во нови битки.…

повеќе

Митровска: Во правото се суди според закон, а не според судска пракса која одредени судии сами си ја сoздаваат

Не случајно се одлучив да пишувам за овој дел од институтот застареност, од причина што со моето долгогодишно искуство во правосудството како правник и како адвокат наидов на различна судска пракса во однос на толкувањето на чл.365, 366 од Закон за облигациони односи, особено кога станува збор за настаната штета во сообракајните незгоди. Ќе се задржам на надомест на штета настаната од сообракајни незгоди, бидејки кај постапките за надомест на овој вид штета имаме различна пракса, различни пресуди, кои допринеле некои лица неправедно да го изгубат своето право за надомест…

повеќе

Ана Ангелска : ДА НЕ НИ СЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ ГОЛЕМИТЕ СРАМОВИ

Колумна на Ана Ангелска за www.media24.mk Не е изненадување, не е неочекувано, оти се досега комплетно е во манирите на нивното владеење,само што со четврто ноемвриското сквернавење претераа со дрскоста и безумието. Ако досега, локалната власт “водена” од Наташа манифестираше слепа послушност кон врхушката од Скопје во најголемиот дел и единствена “храброст” локалниве властодршци покажаа во завршувањето на свои лични работи (вработување на браќа, сестри, мажи, жени и себевработување) со наградите за 4 Ноември, а веројатно повторно заслепени од “моќта” на нивното “лидерство” отелотворено во Заев, продолжија докрај да ја…

повеќе

За амандманите, игнорирањето на договорот што сте го потпишале и менувањето на вашата историја

Џејсон Мико за СВЕСТ.МК Владта на Република Македонија претстави четири амандмани на Уставот на Република Македонија кои Грците ги бараат врз основа на Преспанскиот договор. Можете да ги прочитате тука. Вреди да се спомне – со голема доза на иронија, дека во дополнителните материјали во кои се објаснуваат амандманите, Владата многу внимава на тоа да го користи името „Македонија“, иако, само неколку пасуси погоре, во самите амандмани, предлага ова име да се замени со „Северна Македонија“. Ова ми покажува дека тие самите немаат верба во договорот што го потпишале, во процесот…

повеќе