„Секое дете, секој пензионер, секој вработен или невработен граѓанин во Македонија, Заев го задолжи со нови 30 евра пред референдумот“

Секое дете, секој пензионер, секој вработен или невработен граѓанин во Република Македонија, Зоран Заев го задолжи со нови 30 евра пред референдумот. Власта предводена од СДСМ не запира со расипништво, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Република Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кој никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции ама затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди.…

повеќе

ЕЦБ: Нови банкноти од 100 и 200 евра во промет од следната пролет

Нови банкноти од 100 и 200 евра треба да бидат во промет од 28 мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Изгледот на новите банкноти ќе биде прикажан денеска попладне, соопшти ЕЦБ преку Твитер. Новите банкноти ќе бидат многу тешки за фалсификување. ЕЦБ веќе објави подобрени банкноти во апоени од пет, 10, 20 и 50 евра. Банкнотата од 500 евра повеќе нема да се печати.

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја намали акцизата за горива што ја покачи

СДСМ да ја намали акцизата за горива што ја покачи, грабежот не смее да продолжи. СДСМ мора да ја намали акцизата на горивата која што ја покачија. Наместо да ги ограбуваат граѓаните, треба да водат сметка дека заради нивното богатење народот е доведен на питачки стап. Горивата од денес повторно поскапуваат. Откако СДСМ е на  власт  цената на горивата константно расте, а во исто време целата економија стагнира. Условите за бизнис се полоши од кога било. Иселувањето наместо да се намали се зголеми. Стандардот на граѓаните од ден во ден…

повеќе

Јавниот долг расте, а капиталните инвестиции слабо се реализираат

Јавниот долг постојано расте, а парите од задолжувањата слабо се користат за реализација на капиталните инвестиции. И покрај тоа што според последните пресметки на Народната банка јавниот долг достигна 48.8% од БДП во вториот квартал, што е пораст за 0.6 процентни поени споредено со првите 3 месеци, министерството за финансии и денеска продолжи да се задолжува кај банките според предвидениот распоред. Овој пат издаде државни хартии од вредност за сума од 57 милиони евра. Министерот Тевдовски се правда дека сега државата се задолжувала поевтино, а имала и многу долгови за…

повеќе

Поради масовното иселување македонските компании се почесто се соочуваат со недостигот на работни сила

Поради масовното иселување македонските компании се повеќе се соочуваат со недостигот на работни сила од секаков вид. Бизнисмените го вклучија алармот, велат дека проблемот мора да се решава под итно. „Има можност да се спречи на национално ниво со тоа што може да се направи одредена национална стратегија, да може да се отворат нашите можности, нашите компании, нашата држава за увезување на потенцијална работна сила, што покасно анализите ќе ни покажат. Бугарија го направи со увоз на претставници на потенцијална работна сила од Индија и Кина. Значи може да го…

повеќе

Задолжувањата станаа секојдневие: Владата денес ги заборчи граѓаните за нови 12,7 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 780 милиони денари, односно 12,7 милиони евра. Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра. И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции…

повеќе

„Еуромакс ресорсис“ се откажа од експлоатација на злато

Канадската компанија „Еуромакс ресорсис“, која ќе го гради и ќе стопанисува со рудникот „Иловица – Штука“, со дециден став: Нема воопшто да користат цијанид и сулфурна киселина, бидејќи воопшто и нема да се експлоатира злато! Тие подвлекуваат дека со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата, примарниот производ на проектот „Иловица – Штука“ ќе биде само бакар, а не и злато и бакар, како што претходно беше најавено. – Главниот процес на преработка на рудата е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и тој…

повеќе

Дополнителни трошоци за семејниот буџет: Една просечна плата за почеток на учебната година

Денеска почнува новата учебна година која освен радост, дружење и обврски, носи и дополнителни трошоци за семејниот буџет. Пресметките покажуват дека за едно прваче да тргне на училиште цакум-пакум, потребно е нешто помалку од една просечна македонска плата. Освен училишен прибор, првачето мора да добие се ново: од патики и јакна, до маица. За да се подготви еден ученик потребен е прибор, дрвени боички, пластелин, фломастери, темперни бои, тетратки, боенки, работни листови, глина, ножички, блокчиња, линијари, папки, хартија во боја, ранец и облека. Голем дел од родителите веќе имаат набавено…

повеќе

Буџетот како бунар без дно, Владата ќе ги задолжи граѓаните за нови 12,7 милиони евра

На официјалната страна на Министерството за финансии е закажана аукција на државни хартии од вредност за 4 септември. Имено, Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 780 милиони денари односно 12,7 милиони евра. И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од…

повеќе

Тевдовски: Законските измени ќе ги штитат корисниците на осигурителни полиси

Осигурителните компании ќе бидат обврзани во рок од пет дена да ги објавуваат на своите веб страници сите измени кои што ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување. Ова е предвидено со Предлог-измените на Законот за супервизија на осигурување, што, како што информира Министерството за финансии, вчера влезе во собраниска процедура. Од Министерството за финансии посочуваат дека целта на измените е да се заштитат правата на потрошувачите и да се зајакне сигурноста и стабилноста на друштвата. – Досегашното искуство во примената на Законот и најдобрите меѓународни…

повеќе