Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Пет лица ноќеска, во  2:50 часот, физички го нападнале  Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар. Како што информира МВР, нападот се случил на  улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21). Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

повеќе

Четири запалени автомобили во Скопје

Вчера во 18,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавено е дека на улицата „Елисије Поповски“ имало опожарени четири возила: „Пежо 308“, „Сеат Ибица“, „Форд“ и „Опел Астра“ сите со скопски регистерски таблици, а било зафатено и едно дрво. Возилата биле делумно надворешно опожарени. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе

Синоќа е пронајдено оружје во нива во тетовско село Порој од страна на СВР Тетово

Ноќеска (12 јули) околу 00,30 часот, од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршена е проверка во нива засадена со пченка во атар на село Порој, тетовско при што пронајдени се минофрлач калибар 60 милиметри со 18 гранати и рачен фрлач РПГ-7 со 5 ракети кои биле ставени во шест вреќи. Извршен е комплетен увид со учество и на јавен обвинител, оружјето е подигнато за натамошна постапка од припадници на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Станува збор за старо и…

повеќе

Му се слошило во воз, починал во болница – полицијата кај него пронашла прашкаста материја

На Н.С. (34) од с.Фурка-дојранско вчера околу пладне му се слошило додека патувал со патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13,00 часот починал. Од полицијата информираат дека при извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле  пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени  за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

повеќе

Двајца загинати и 17 повредени мигранти во сообраќајката кај Радовиш

Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип во близина на рудникот Бучим. Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата. Единаесет од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во Општата болница во Радовиш. Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното…

повеќе

Обвинетиот Тошта заврши на реанимација откако му се слоши во судница, обвинителството го промени обвинението за нападот врз Села

Еден обвинет е ослободен, двајца заминуваат во куќен притвор. Јавното обвинителство го промени обвинителниот акт за случајот „Обид за убиство“ на Зијадин Села од собраниските настани минатата година. На денешната расправа, обвинителот Дарко Јакимовски рече дека по деталната анализа на видео снимката која се гледаше во судница на минатото рочиште, видливо било дека обвинетиот Сашо Сенков не учестувал во тепањето на Села. Во моментот ниту бил присутен во собранискиот прес центар. Со ова, по 7 месечен притвор, Сенков заминува дома. Изменето обвининие добија уште двајца кои одговараат за обидот за…

повеќе

Циркуз во судницата – Сведокот Симоновска си ги раскажува претпоставките

Циркус во судницата на случајот ,,Протести во општина Центар“ Обвинителството освен тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, сега веќе заменик министер за надворешни работи од редовите на СДСМ, за свои сведоци ги има викнато и предложено само членовите на советот на општина Центар од тоа време од редовите на СДСМ, претворајќи ја судницата во политичка арена на политички расправии од низок стил. Денешниот сведок Цветанка Симоновска на почетокот гордо се пофали а потоа неколку пати повтори дека е член на СДСМ од основањето и дека вмровците ја ословувале со зборот ,,комуњарка,, а…

повеќе

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ванчо Апостолов, поранешен градоначалник на општина Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. – Во периодот од 2014 до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Неготино, спротивно на Законот за работни односи и Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во општинската администрација на општина Неготино, на Д.Т., Ѓ.Т., М.Д. и З.Л., сите вработени во општина Неготино им наложил да извршуваат прекувремена работа од вкупно 1892 часа…

повеќе

Обвинителен акт против 7 лица во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинителен акт против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, еден од обвинетите се гони за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. Предметот е резултат на неколку…

повеќе

Фатени македонски државјани што сакале да прошверцуваат дрога од Грција во Италија

Двајца македонски државјани биле уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети, во обид со своето возило да прошверцуваат хероин. Станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години. Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче. Локалните медиуми пишуваат дека уапсените, со автомобилот, веројатно сакале да се качат на траект за Италија. Грчката крајбрежна служба соопшти дека дрогата е запленета, како и патничкиот автомобил на уапсените.

повеќе