Судот одлучи: Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи го Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година

Наградените автори на Конкурсот за откуп на нови музички дела за 2017 го добија екс-министерот за култура на суд. Управниот суд во Скопје донесе пресуда во која се вели дека се уважува тужбата на наградените автори на Конкурсот за откуп на нови музички дела за 2017 и се поништува решението од 27 април 2018 година донесено од Министерството за култура, со кое екс-министерот за култура Роберт Алаѓозовски реши да го поништи Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година. По наоѓање на Управниот суд, Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи…

Културните работници најавија протести и блокади на институциите

Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) е револтирано што нема обезбедено средства за зголемување на буџет за плати во културните и уметничките институции. Затоа даваат ултиматум до 31 декември надлежните институции да го решат овој проблем, или во спротивно следат блокади. До крајот на годината требаше да се донесе новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, со тоа да се потпише и колективниот договор, но, велат од Синдикатот, закон не е донесен, а не се обезбедени ниту средства за колективен договор со Буџетот за 2019. „Во разговор…

Бранка Костиќ – Марковиќ: Урнати ми се идеалите!

Си велев штом решија мене да ме стават за претседател на Управен одбор конечно ќе се доведат работите во ред. Дека ќе почнат да се почитуваат вистинските вредности. Но, со оваа постапка ми се уриваат тие надежи, вели Бранка Костиќ Марковиќ. Во пресрет на 74-годишнината на Македонската филхармонија, бура во нашата национална институција. На предлог на актуелниот директор Виктор Илиевски, со решение на Министерот за култура Асаф Адеми, магистер Бранка Костиќ Марковиќ е разрешена од функцијата претседател на Управниот одбор на Македонска Филхармонија. „Јас сум навистина изненадена од одлуката на…

ДАЛИ СТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ?

ДАЛИ СТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ? Не, Македонија НЕМА интелектуалци. Барем таков впечаток се остава на прв поглед… Поточно има, но многу малку, и тие се млади или во свои средни години. Меѓу повозрасните скоро ич. И тие кои беа, замолчија и се интегрираа низ годините во општественото сивило. Ги нема на медиумите, тие се само на социјалните мрежи или затворени самите во себе. Нападнати се од ботови и медиокритети, материјално обезличени и ставени во позиција на дневна основа да црнчат за просечен живот. Маната им е што се големи во духот, што…

По обвинувањата и заканите: „Ругање на Христос“ со македонска премиера на “КинеНова”

“КинеНова” посочуваат дека „Ругање со Христос“ кој ќе биде прикажан на отварањето на фестивалот на 3 октомври, бил селектиран пред реакцијата од Министерството за култура. “Нема нешто од што некој може да биде навреден или да се плаши”, посочи Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот “КинеНова”. Тој истакна и дека очекува да спласне тензијата по македонската премиера на филмот, за која, како што рече, ќе го поканат и министерот за култура Со „Ругање на Христос“ дебитантскиот игран филм на Јани Бојаџи, кој крена прашина во Македонија поради обвинувањата на Министерството за…

Бела книга подарок за премиерот, министерот за култура, за советникот Висар Вишка и пратеникот Мухамед Зекири

Има ли нешто пострашно од замолчувањето на слободоумните, од криењето и ставањето на вистината под тепих, од криењето и извртувањето на фактите, од паушални изјави дадени од тепка на на видено, наводно за мир, спокојство и соживот во земјата?! Нема, нема ништо пострашно од тоа, особено кога тоа се чини во уметноста, како што се случува со филмот Ругање со Христос, на Јани Бојаџи, но и со самиот Бојаџи, кој поминува низ политичка хајка, морална, човечка и професионална дискредитација до инструментализиран институционален прогон и закани по неговиот физички интегритет…среќна нова…

Игор Дурловски со моќна порака до сите кои ја љубат Македонија!

Оперскиот пејач, големиот Македонец, патриот и пред се Уметник и човек кој неизмерно ја сака својата татковина, денес пред 30-тина минути на совојот фејсбук профил објави досега необјавена верзија на Македонската Химна. Негоавата порака на фејсбук гласи: Мојата идеја била и ќе биде – љубов! Ви ја давам од душа на сите, споделете ја и чувајте ја. Да си вечна Македонијо! Магазин се обиде да го добие Игор, но неговиот телефон беше исклучен, бидејќи и денес како и секој втор ден, Игор мора да го почитува судот, кој пак му…

Нови директори во културата: Мартин Вучиќ на „Танец“, Викторија Рангелова на Драмски театар

Министерството за култура назначи 22 директори на Национални установи кадешто досега имаше вршители на должност. Директорка на Македонскиот народен театар е потврдена Симона Угриновска која досега ја извршуваше функцијата вршител на должност, откако оставка си поднесе нејзиниот претходник Драган Спасов – Дац. На Драмски театар во Скопје за директорка е назначена Викторија Рангелова Петровска, а на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ. Манифестацијата Струшки вечери на поезијата – Струга одсега ќе ја предводи Тодорче Тасевски, а на Охридско лето е назначена Наташа Поповиќ. Виктор Илиевски…

Адеми: Министерството за култура го осудува јазикот на омраза што го поттикнува филмот „Ругање со Христос“

Министерството за култура се дистанцира од филмот „Ругање со Христос“ и го осудува јазикот на омраза, што тој го поттикнува, рече на денешната прес-конференција, ресорниот министер Асаф Адеми. – По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со Министерството и актуелниот состав на Министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна Адеми. Посочи дека, откако го видел сценариото и разгледал документацијата, врз основа на…

Каде е македонското знаме?

Македонското знаме го нема на официјалната фотографија што Министерството за култура ја сподели со јавноста откако прими дел од организаторите на Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“. Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари кратка средба со претставници на културно-уметничкото друштво „Каршиака“, кое е организатор на фестивалот, на кој учествуваат фолклорни друштва од девет земји: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија, стои во соопштението од Министерството. Станува збор за фестивал од ревијален карактер кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка…