СДСМ е единствената партија во Европа која ја води лице три пати аболицирано за тежок криминал, кое наредува политички прогон врз опозицијата

СДСМ е единствената партија во Европа која ја води лице, три пати аболицирано за тежок криминал и злоупотребувајќи ја моќта и институциите наредува политички прогон врз опозицијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. – И аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон Оливер Спасовски точно знаеја дека Никола Груевски не е во својот дом, а уште помалку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Точно знаеја каде е Никола Груевски но одлучија да вршат претреси, притисоци и закани врз членови на ВМРО-ДПМНЕ во обид да си ја „ишнат“ мувата од капите. Одговорност и оставки мора да има. Кога во…

повеќе

СДСМ: Груевски е кукавица

Осудениот  Никола Груевски самиот потврди за себеси дека е срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста  Груевски побегна на подмолоен начин, се вели во соопштението од владејачката СДСМ. Соопштението уследи по објавениот фејсбук статус на поранешниот премиер, во кој тој соопштува дека се наоѓа во Будимпешта, каде што побарал политички азил. – Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво. Со бегство, лажниот патриот,  Груевски покажа дека останува верен на каузата на криминалот што со години го приредуваше. Никола Груевски е срам за јавноста и срам за…

повеќе

Мицкоски ќе учествува на Конгресот на ЕПП и на Самитот на лидери на ЕПП

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска патува за Хелсинки каде што на 6, 7 и 8 ноември 2018 година, ќе учествува на Конгресот на Европската Народна Партија (EPP) на кој се бира кандидат за претседател на ЕК. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на престојниот Конгрес ќе учествува со 4 делегати со право на глас, предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Потпретседателот Александар Николоски, Секретарот за меѓународна политка Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на Претседателот, Тимчо Муцунски. Делегацијата ќе учествува и на Политичкото Собрание на ЕНП, информираат од партијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,…

повеќе

84 организации од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за соработка против уставни измени, распуштање на Собранието и распишување избори

Денес, недела, 4-ти ноември 2018, осумдесет и четири организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори. Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт има за цел само да ги натрупа своите банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт има за цел само да ги натрупа своите банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси. Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во…

повеќе

Мицкоски: Јас сум антизападен колку што Заев е чесен, следната недела продолжувам со меѓународна активност на конгрес на ЕПП

Целокупната онаа анатема која што се обидуваат овие ненародни и криминални политичари предводени од СДСМ да ја фрлат врз ВМРО-ДПМНЕ и мене, правејќи ме антизападен, јас сум антизападен онолку колку што Зоран Заев е чесен и честит политичар, изјави во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Еве ви кажам сега во текот на идната недела ќе бидам во Хелсинки на конгресот на Европската Народна Партија и ќе имам можност да имам средби со број претставници од меѓународната заедница кои што се дел од нашите…

повеќе

Јанушев: Политичкиот прогон на однародената и криминална власт кулминира

Политичкиот прогон на однародената и криминална власт кулминира, оценува Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ -Откако не успеаја преку разни притисоци, закани и уцени да ја скршат партијата и актуелното раководство, сега почнаа уште пожестоко да ги злоупотребуваат институциите и да се обидат да го попречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Единствениот аболициран политичар за криминал Зоран Заев знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси и затоа не бира средства со кои што ќе си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е…

повеќе

Јован Јаулески е нов ВД претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

Како што дознаваме од партиски извори, Јован Јаулески е избран за ВД претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, кој ќе биде на чело се до објавувањето на официјален повик за кандидирање на кандидат за претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ. Ова следува после оставката на досегашниот Лука Кржалоски кој вчера си поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, од како што вели, лично убедување. Во продолжението на текстот објавен на својот фб профил, Лука вели дека дека не се согласува…

повеќе

СДСМ е седиштето на оние кои што ги погазија правото, правдата, демократијата и државата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Зад мене е центарот на грозоморието во кое што е втурната Република Македонија. Зад мене е центарот на акцијата за обезличувањето на Република Македонија, за етноцид врз македонскиот народ! Зад мене е дувлото на криминалот кој владее со државата, со буџетот, со улиците, со општините.   Тука е центарот од каде беше прифатено криминалното противзаконско потпишување на капитулацијата, мафијашкото изигрување на референдумот и акцијата како уценети и одметнати да изгласаат промена на Уставот. Ова е седиштето на…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ му достави на СДСМ копија од Извештајот за резултатот од референдумот

ВМРО-ДПМНЕ денеска до седиштето на СДСМ достави копија од Извештајот за конечниот резултат од референдумот на 30 септември објавен во Службен весник 2018 година, каде, како што изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски, стои дека одлуката за прифаќање на Договорот од Преспа за натамошни евроинтеграции не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. – Тоа значи дека повеќе од половината гласачи, и покрај поткупот, уцените, заканите и манипулациите, го отфрлиле капитулантскиот договор. Во таков случај, според Уставот, власта мораше, потенцирам, мораше, да…

повеќе