Ордановски: Заев мора да си плати цена за ова што се случува моментално

Сега треба органите, ако не утре да излезат со прес конференција, не само министерот Спасовски, ова е класичен случај за организиран криминал во МВР. Значи таму има луѓе што треба да се бават со тоа. Таму се луѓе кои што би требало да бидат професионалци, ако не ги контролирале тоа е анализата со која треба да се занимаваме. Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во кое што се се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел.…

повеќе

Гујаш: Груевски барањето за азил го поднел од трета земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се изјаснил дека сака да побара политички азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, и Будимпешта нема никаква врска со неговото бегство од матичната држава, изјави денеска Гергеј Гујаш, шеф на Кабинетот на претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан. Тој не сакаше да открие во која земја Груевски го поднел барањето и како стигнал до Службата за имиграција и азил во Будимпешта каде што ги поднел документите и бил сослушан од службениците. Гујаш истакна и дека Унгарија сѐ уште не добила официјално барање од Македонија…

повеќе

Од 103 седница на Владата на РМ: Усвоен Предлог-буџетот за 2019 година; Одлука за утврдување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за стратешки приоритет со посебен буџет

Владата на Република Македонија на својата 103 седница го усвои Предлог-буџетот на Република Македонија за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието на РМ. Вкупните приходи и расходи во Предлог-буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии, и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП. Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната…

повеќе

Јанева: Мицкоски не е вклучен во „Талир“ и нема случај за хидроцентралите

Периодот во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил генерален секретар на партијата не е опфатен како период на истрага во предметот „Талир“ и во истиот период нема констатирано кривично дело, вели специјалната обвинителка Катица Јанева, во гостување во Тв емисија на 1ТВ, таа дополнително вели дека и нема случај за хидроцентралите на Мицкоски. Имено водителката Гордана Дувњак ја запраша Јанева во врска со обвинувањата на Мијалков дека имало пазарења тој да биде тргнат  од обвиниение, на што истата одговори: – Не, не! Само едноставно во времето кога е Мицкоски…

повеќе

И Најчевска побара одговорност од власта и од Оливер Спасовски

-Министерот Спасовски да ви кажам после ова треба веднаш да биде разрешен од должност. Заради тоа што не се работи за тоа дали некој требало нешто да му каже туку требало да се преземат сите оние мерки согласно она што претставува проценка на опасноста од одредено лице да побегне, да влијае врз сведоци или можеби дури и да го повтори делото или делата за кој што се терети во различни постапки. Значи не се согласувам, мислам дека беше голема фарса, чукање по врати, претресување на возила и сл., потенцираше Најчевска…

повеќе

АЛАРМАНТНО: Во Република Македонија скоро една третина се засегнати од дијабетесот

Денес 14-ти ноември секаде низ светот се одбележува како ден на дијабетесесот, во чест на роденденот на еден од пронаоѓачите на инсулинот – Фредерик Бантинг. Оваа година Светскиот ден на дијабетесот е посветен на семејството и дијабетесот, а мотото е „Дијабетесот го засега секое семејство“. Над 425 милиони луѓе во светот и околу 190 илјади луѓе во Македонија во моментот живеат со дијабетес. Најголемиот дел од нив се со дијабетес тип 2 што е високо превентибилна состојба преку редовна физичка активност, здрава и избалансирана исхрана и промоција на средина за…

повеќе

Се огласија адвокатите на Груевски: Доколку му се суди во отсуство, му се кршат човековите права

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, адвокатите на екс премиерот Никола Груевски кој илегално замина во Унгарија, пред Судот изјавија дека доколку му се суди во отсуство по предлог на специјалниот јавен обвинител Лиле Стефанова, му се кршат човековите права, пренесува А1он. Адвокатот Еленко Миланов кажа дека доколку на поранешниот премиер му се суди во отсуство му е оневозможено правото да ги испитува сведоците за случајот по што даде предлог до судијата Осман Шабани, наместо на Груевски да му се суди во отсуство за него да биде раздвоена постапката. Адвокатот Боро…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Груевски, така се загрозуваат и другите лица кои се мета на прогон

Денес јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Беспотребно беа вознемирувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, беа претресувани недолжни граѓани, без налог, без посебна наредба која никогаш не беше презентирана во јавноста. Провокација за нов меѓумакедонски конфликт. Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на закон, беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на министерството за одбрана со која раководи…

повеќе

Наместо ефикасни реформи повисоки плати

Наместо ефикасни реформи, повисоки плати. Јавната администрација и натаму вдомува луѓе кои не одат на работа, а владата се уште нема решение на овој проблем. Злоупотреба се прави дури и од членови на владиниот кабинет на премиерот. Министерот Манчевски оптимист – за еден месец немало да има такви луѓе, а зголемувањето на платите било мотивација за администрацијата и политика на Владата. –  Еве рековме тој проблем го решаваме, навистина за еден месец нема да има такви луѓе. Реформите никогаш нема да завршат, апсолутно никогаш нема да завршат. Реформа на јавна…

повеќе

Глобализација = геополитика?

МАРИО СТЕФАНОВ, АНАЛИТИЧАР ВО ГЕОПОЛИТИКА Глобализациските процеси и матрицата за уништување на националните држави владеат со сите политички, економски и финансиски аспекти на ЕУ. Таквата унија постепено ги презема националните суверенитети на своите членки. Во нивно име, таа почна да создава наднационална форма на Европската Унија и проток на капитал од послабите кон посилните земји, вклопувајќи се истовремено во англоамериканските и арапските геоекономски и геополитички интереси, кои во суштина управуваат со европските глобализациски текови. Во основа, глобализацијата е чиста геополитика, па, оттука, истите оние што го разоруваа Блискиот Исток, правејќи…

повеќе