LIDER> Масовно полнење кутии во Центар Жупа: Се гласало на секои 5 секунди

Масовно полнење на гласачки кутии се случило во Центар Жупа.  До 18:30 часот на избирачкото место 0563 во Центар Жупа, излезноста била 21,37%, односно 187 луѓе искочиле на гласање. Во 19 часот кога е завршено гласањето вкупниот број на гласачки ливчиња изнесувал 518. Тоа значи дека само за половина час гласале 331 гласач или на секои 5 секунди по едно гласање што е математички невозможно освен, ако не станува збор за полнење кутии.

повеќе

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за референдумот

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември. Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Рокот за поднесување на приговорите истекува вечер во 22 часот. Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие…

повеќе

Претседателот на ДИК: Референдумот не успеа!

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски потврди дека референдумот не успеа затоа што не се постигна цензус. Според повеќе од 85 проценти обработени пристигнати податоци, и со излезеност 36,11%, може да се констатира дека референдумот е неуспешен. Како што кажа Дерковски во последното обраќање, остана уште мал број на резултати да се обработат, но според трендот, неофицијално референдумот не е успешен, бидејќи не се постигна еден од законските услови, а тоа е да излезат повеќе од половина граѓани запишани во избирачкиот список.

повеќе

(ВИДЕО) Евидентно полнење кутии во Сарај: Празно село, со 95% излезност!

Евидентно полнење на кутии во скопската општина Сарај. Во двете избирачки места во селото Ласкарце кои се наоѓаат во основното училиште „Ибе Паликуќа“, денеска имаше над 90% излезност. Екипата на Економски Лидер, зачудена од масовната излезност до излезе на терен и го посети селото. Денеска Ласкарце беше празно, на улиците забележавме одвај четворица граѓани, па од тука се поставува прашањето како е можно да излезат 1035 граѓани во ова мало село во кое има помалку од 200 жители. На избирачкото место кое го посетивме, во дворот имаше десетина луѓе а…

повеќе

Заев: Ако референдумот не успее, завршуваме со политиката!

Премиерот Зоран Заев најави оставка доколку референдумот не успее. -Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та. Во друга прилика, потврди дека ќе си замине бидејќи беше сигурен дека ќе има успешен референдум. -Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да…

повеќе

АПАСИЕВ: Нема да има цензус, излезноста ќе биде од 32% до 35%

Професорот и член на презедиумот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на социјланите мрежи напиша дека според нивниот аналитички центар, нема да биде исполнет цензусот на референдумот. Според него, излезноста ќе биде од 32% до 35%. Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани. Просекот на излезност е од 90% од гласачките места. Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат…

повеќе

Мицкоски нема да гласа на референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тој пренесе информација дека тоа нема да се случи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за…

повеќе

Државната изборна комисија на својата интернет страна ја објави излезноста на референдумот до 9 часот по сите градови.

Според портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска до девет часот гласале 2,45 проценти. Се гласа на 3.478 избирачки места, кои ќе бидат отворени до 19 часот. Право на глас имаат еден 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.

повеќе

Референдум: Денеска се изјасниле само 13.7 отсто од оние кои го оствариле своето право на глас на изборите во 2016 година

Денешниот ден донесе слаба излезеност на оние кои денеска имаа можност да го остварат своето право на глас на референдумот. Слаба излезеност имаше и кај македонската дијаспора, но и кај затворениците и болните и изнемоштени граѓани. Најголема е разликата кај дијаспората – 17.200 граѓани гласале на изборите, но денеска не се појавиле на избирачките места. Кај болните и изнемоштени лица разликата е околу 6500 гласа. 2016 година: Болни и изнемоштени 8.000 Дијаспора: 20.000 Затвореници: 2.000 Вкупно пријавени за гласање 30.000 од кои своето право на глас го искористиле 22.000 2018…

повеќе

Право на глас на референдумот ќе имаат 1.806.336 граѓани

Во четвртокот вечерта на полноќ заврши јавната пропаганда со што почна 48-часовниот молк пред референдумот, кој треба да се одржи в недела на 30 септември. Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за претстојниот референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Според Државната изборна комисија, право на глас на изјаснувањето в недела ќе имаат 1.806.336 гласачи, кои се запишани во избирачкиот список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7…

повеќе