Покорен европскиот првак: Вардар славеше среде Монпелје!

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Европскиот првак од две сезони славеше на гостувањето кај актуелниот европски првак, Монпелје, со 24-27 Во првиот дел најчесто се играше гол за гол и само еднаш една од екипите, Вардар, водеше со два гола разлика – 4-6, во 10. минута. Симоне и Порт набрзина израмнија на 6-6 и оттогаш до крајот на полувремето продолжи резултатската клацкалка. Вреди да се издвои моментот во 23. минута, при резултат 9-9, кога голманот на „црвено-црните“, Дејан Милосављев…

повеќе

СЛАВЧО ПИНДА ДО ГОРАН ПАНДЕВ: ФК БЕЛАСИЦА НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ПОДДРЖИ ДА БИДЕШ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ!

  Фејсбук статус на сопственикот на ФК БЕЛАСИЦА-Славчо Пинда: Пандев, 3 и пол години те слушам како ја напаѓаш Беласица а посебно мене. Да не заборави случајно дека јас сум истиот тој Пинда на кој му подаруваше дресови од сите клубови во кои настапуваше, во знак на почит и пријателство. Па откако ја превземав Беласица почнав некако да ти пречам и јас и мојот клуб. Но си мислам, јас всушност не сум тој што ти пречи, туку ти пречи тоа што не успеа да ја згаснеш Беласица, и да го…

повеќе

Македонски маратонци истрчаа 171 километар околу Мон Блан

Македонците Игор Пирковски, Жикица Ивановски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан долг 171 километар. Македонските атлетичари на целта влегоа заедно и се пласираа на 357., 358. И 359. Место во конкуренција на околу 2.400 учесници. На стартот се појавија уште двајца маратонците од нашата земја, Александар Симјаноски и Никола Цицоски, но тие не ја истрчаа делницата. Ултра маратонот околу Мон Блан стартуваше во петокот.

повеќе

Алегри во одбрана на Роналдо

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој се почесто е мета критики поради неефикасноста во новиот клуб. Португалецот веќе три рунди го чека својот првенец во Серија А, а не вчерашниот меч со Парма не успеа да се запише во листата на стрелците и покрај големиот број удари кон противничката мрежа. – Има денови кога едноставно не ви оди. Сепак не треба да се гледа само голгетерскиот ефект на Роналдо. Тој на нашите натпревари игра и за другите, им подготвува шанси, ставен е во функција…

повеќе

Македонија го совлада Азербејџан на ЕП во Скопје

Јуниорската репрезентација на Македонија го совлада Азербејџан со 65:50 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, што се одржува во Скопје. Македонските кошаркари со вчерашниот убедлив триумф против Данска успеаја да остварат две победи во низа и ќе играат за пласман на 17-та позиција на првенството. Избраниците на селекторот Панче Милевски уште од стартот на натпреварот воспоставија контрола над теренот и имаа резултатска предност, која рутински ја одржуваа до крајот. Лука Стојановски со 18 поени и пет скока беше најефикасен во македонската репрезентација, а Валмир Какруки реализираше…

повеќе

Четворица кандидати за прв човек на ФФМ

ФФМ утре треба да ги потврди имињата на кандидатите кои ќе влезат во трка за нов претседател на оваа организација. Вчера во 16 часот истече последниот рок во кој биле доставени четири кадидатури.. Станува збор за Влатко Костов кој е предложен од ОФС Тетово, Вујадин Станојковиќ како кандидат на ОФС Куманово, Сашо Тасев кој го кандидираше ОФС Кавадарци и поранешнто прв човек на фудбалската куќа Харалампие Хаџи-Ристески кој ја доби поддршката од ОФС Неготино. Нашата фудбалска федерација е без претседател откако Илчо Ѓорѓиоски минатиот месец објави дека се повлекува и…

повеќе

Светската бејзбол легенда Кевин Кузманов: Сите мислат дека сум Русин, но јас сум Македонец

Кевин Кузманов е професионален бејзбол играч во „ Major League Baseball“ (MLB) и прв Македонец кој станал легендарно успешен во овој спорт. Денеска Кевин има 35 години, а зад себе има кариера во тимовите на „Кливленд Индијанс“, „Сан Диего Падрес“, „Колорадо Рокис“ и „Тексас Ренџерс“. Само четворица во историјата на американскиот бејзбол направиле „Гренд Слем“ хоумран, првиот бил Бил Даглби во 1898 година, вториот Џереми Хермида во 2005, третиот е Македонецот Кевин Кузманов во 2006 година и тоа прв со таков учинок по првото фаќање на палката и со првото…

повеќе

ФК Вардар останува без спонзор, на потег град Скопје?!

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко најверојатно се откажува од фудбалскиот клуб Вардар и ќе се фокусира на инвестирањето во ракометниот бренд, открива градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. „Фудбалскиот клуб ‘Вардар‘ е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена“, изјави Шилегов. Самсоненко во ФК Вардар е од 2014 година, од кога „црвено-црните“ освоија три титули во…

повеќе

Роналдо: Сонував да заиграм за Јуве, а аплаузите по „ножичките“ – никогаш нема да ги заборавам

Најскапиот фудбалер во историјата на Јувентус, Кристијано Роналдо, е одушевен од позитивната атмосфера која владее во соблекувалната на „старата дама“. Најдобриот фудбалер за изминатата година во Торинопристигна од Реал Мадрид, за сума од 117 милиони евра, а по одморот од Мундијалот во Русија, пред една седмица им се приклучи на тренинзите на Масимилијано Алегри. „Се чувствувам прекрасно. И претходно знаев дека Јуве е голем клуб, најголем во Италија и еден од најдобрите на светот. Кога бев дете сонував да го носам овој дрес, и затоа сега сум многу среќен“, вели Роналдо. Пред својот премин во италијанскиот шампион, Кристијано…

повеќе

Дрита Ислами го освои последното место но тоа не ја спречи да лета орли (ФОТО)

Македонската атлетичарка Дрита Ислами, не само што не се прослави на Европското првенство во атлетика во Берлин, каде беше убедливо последна во квалификациите на 400 метри, туку направи и скандалозна фотографија која воопшто не и доликува на земјата што ја претставува. Таа престојот во Германија го искористи да си напрафи фотографии за спомен, но се ќе беше во ред доколку не „леташе орли“, албански симболи кои се поврзани со иреднитистичката желба за создавање на Голема Албанија на територијата на Србија, Косово, Македонија и Црна Гора. По ваквиот потег на атлетичарката…

повеќе