Влада: Нема одлука за „Иловица“ додека не се усогласат ставовите на сите страни, вели Бошњаковски

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема да биде донесена никаква одлука за рудникот „Иловица” се додека не се усогласат ставовите на сите засегнати страни. Владата нема да направи ништо на штета на граѓаните. „Владата е во постојана комуникација со сите засеганти страни, вклучително и со инвеститорот и со граѓаните од регионот. На последната средба во Струмица се утврдија сите наредни чекори. Ништо нема да се одлучи во однос на рудникот „Иловица“ без да се постигне заедничка согласност на сите страни. Во овој момент се работи на тој процес“,…

повеќе

Струмица: Се одржаа Собирите со граѓаните од урбаните заедници

Во големата сала на домот на АРМ, синоќа, се одржаа Собирите со граѓаните од урбаните заедници. Градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници со граѓаните разговараа за актуелните состојби во овие заедници, но и ги утврдуваа приоритетите за буџетската 2019 година. Реконструкција на улици, проширување на зонското паркирање, подобрување на уличното осветлување, подигнување на шахтите на улиците, повисоко ниво на комуналната хигиена, поголема безбедност на пешаците, се дел од предлозите што ги дадоа граѓаните. Собирите продолжуваат утревечер (14.11.2018 година) во населените места Вељуса, Водоча и Баница. Галерија

повеќе

Струмица со намален буџет за 2.29 милиони евра

Намалувањето е поради тоа што одредени проекти за кои се планирани средства нема да почнат да се реализираат во тековната година и прераспределување на средства од една во друга ставка, вели градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, образложувајќи ги измените и дополнувањата на буџетот за тековната 2018-та година. „Намалувањето на одредени позиции не значи откажување од нивната реализација, туку ќе се продолжи идната година или кога ќе се создадат услови за нивна реализиција, а до крајот на тековната година е невозможно да се остварат од објективни причини, како што се нерасчистени…

повеќе

Во струмичка Баница се степале во црквата на Митровден, еден завршил на клиника

Во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, вчера за време на прослава по повод верскиот  празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица. -Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28), информираат од МВР.…

повеќе

Рехабилитираната транзитна делница низ Куклиш ќе ја зголеми безбедноста на месното население

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш. Според градоначалникот Коста Јаневски, рехабилитацијата на делницата е резултат на заедничката соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е Македонија пат. Со овој зафат се подобрува  безбедноста на месното население. -Ова е значајна делница која произлезе од разговорите со месното население на кои многу често ја спомнуваа како една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните. Ние се заложивме максимално во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта,…

повеќе

Повик до граѓаните на Струмица да земат учество на буџетскиот форум за креирање на општинскиот буџет на Струмица

Во рамките на програмата Форуми во заедницата, општина Струмица ќе го спроведе Буџетскиот форум 2018/2019 година. Овој форум ќе има пет сесии, а првата ќе се одржи во петок (9-ти ноември), со почеток во 18:00 часот во големата сала на домот на АРМ. Раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, на денешната прес конференција информираше за реализацијата и значењето на Буџетскиот форум. „Форумскиот процес, односно Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година, како дел од Програмата форуми во заедницата, по прв пат самостојно се организира и спроведува од страна на општина Струмица под водство…

повеќе

Александар Филев од петок пред струмичката публика

Познатиот струмички и македонски сликар и мозаичар, Александар Филев, во петок, 9-ти ноември од 19:30 часот, пред љубителите на ликовната уметност ќе претстави точно 100 нови дела. Ова ќе биде негова десетта изложба, насловена како „Нескротлива енергија“. „Творечките импулси на Александар Филев во последните години се карактеризираат со посебно богата текстура во сликарскиот јазик и изразено длабока експресивност во креативната реализацијата на неговиот внатрешен непресушен извор. Неговото сликарство излобилува со енергичност во сите свои форми. Исклучително богатиот колорит ја најавува експресијата која избликува од умешните творечки потези, растреперувајќи ја целата…

повеќе

Нова премиера на Струмичкиот театар – „Забрането смеење“

Струмичкиот народен театар „Антон Панов“ во среда, 7-ми ноември со почеток во 20:00 часот со нова претстава пред струмичката публика. Премиерна изведба на „Забрането смеење“ од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ, а во изведба на актерите Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова. „Забрането смеење“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43-годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине…

повеќе

„КОСТЕНИЈАДА 2018“ – Фестивал на Смоларскиот костен

Во падините на планината Беласица, над селото Смоларе, денеска по 9-ти пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2018“, традиционално овошје кое е заштитен знак на селото Смоларе. Печени смоларски костени, специјалитети од костени, но и традиционални македонски јадења, топла ракија, вино и чај, музика во живо, традиционални ора со КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, како и изложба на творби посветени на костенот, изработени од ученици од општина Ново Село, беа дел од „Костенијадата“. Плодот кој во изобилие расте на планината Беласица, тука има посебно значење. Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски…

повеќе

СЕКОЈА ЧЕСТ: Пар од Струмица, парите од свадбата ги донираше за Никола Новоселски

Живе Коцев и Марија Кармазова од Струмица, парите од нивната неодамнешна свадба ги донираа за Никола Новоселски, кој по сообраќајна несреќа од пред четири години се здоби со тешки телесни повреди на главата, без можност да се движи и зборува. Информацијата за нивната донација ја соопшти неговата мајка Маре, која на Фејсбук им се заблагодари на Живе и Марија. Моментално Никола е на домашно лекување, а неговата мајка апелира дека се потребни 7.755 евра за неговиот нов, пети третман. На Никола можете да му помгнете и Вие. Донирајте преку телефоните:…

повеќе