Времето поминато во пат до работа да се брои во работниот ден

Истражувачи од Универзитетот на западна Англија предлагаат времето што се минува на пат до работното место да влегува во работното време. Универзитетот извршил истражување во часовите кои секој ден се губат во патување до работното место. Околу 5.000 граѓани на Лондон биле анализирани во рамките на истражувањето, кое покажало дека 54 проценти од нив ја користеле телефонската интернет врска да испраќаат пораки поврзани со работните места додека се пробивале низ лондонскиот јавен превоз. Според инстражувањето, подобра мобилна интернет врска би помогнала патниците во јавниот превоз да користат и лаптоп компјутери…

повеќе

Вработените во „Гугл“ против цензурираниот пребарувач за Кина

Повеќе од илјада вработени во „Гугл“ потпишаа писмо во кое го изразуваат своето незадоволство поради планот на компанијата да покрене цензуриран пребарувач за Кина. Во писмото се бара од раководството на „Гугл“ да ги разгледаат етичките ставови и барања за транспарентност, бидејќи „вработените мора да знаат што градат“. Незадоволство кај вработените предизвика информацијата дека „Гугл“ од почетокот на 2017 година развива цензурирана верзија за својот пребарувач под име „Драгонфлај“. Пребарувачот се развива како мобилна апликација за андорид и наводно чувствителните теми ќе ги става на „црна листа“ и ќе ги…

повеќе

Бил Гејтс: Биткоинот е глупост

Уште една позната личност даде свое мислење за најпознатата криптовалута на светот. Откако претходно американскиот милијардер и финансиски маг, Ворен Бафет, го карактеризираше биткоинот како „отров за глувци, кој не вреди ништо“, во острите критики кон оваа криптовалута му се придружи и славниот Бил Гејтс. Гејтс во интервју за „CNBC“ истакна дека биткоинот стана статусен симбол, и дека бидејќи не произведува ништо, не би требало да се очекува дека ќе има било какво придвижување. „Се согласувам со тоа дека би требало да се ослободам од биткоинот, доколку за тоа постои…

повеќе

Бафет: Биткоин е коцкање, а не инвестиција

Третиот најбогат човек на светот, Ворен Бафет, уште одамна е скептичен околу вистинската вредност на криптовалутите, па сега уште еднаш напомена дека тргувањето со биткоини повеќе личи на коцкање, отколку на вистинска инвестиција. Ворен Бафет е познат по неговите проценки за мудри инвестиции кои го донесоа до третото место на најбогати луѓе во светот, веднаш зад Џеф Безос и Бил Гејтс. „Има два типа на работи кои луѓето ги купуваат и мислат дека со тоа инвестираат. Едната работа е вистинска инвестиција, додека другата не е“, рече Ворен Бафет на годишниот…

повеќе

Вредноста на биткоин е на раб на нова експлозија, најавуваат експертите

Биткоин е подготвен за нова експлозија на вредноста која може да ја одведе оваа криптовалута до висини кои не беа достигнати ниту кон крајот на 2017 година, кога беше забележана највисока вредност на цената на оваа криптовалута. Експертите сметаат дека вредноста на биткоин ќе продолжи да расте додека не забележи нова вредносна експлозија, поголема од онаа забележана на крајот од минатата година. Според нив, она што дава позитивни знаци за нов раст на вредноста е континуираниот пораст на вредноста во првите три месеци од оваа година, како и фактот дека…

повеќе

Цукерберг поканет следната недела на сослушување во ЕП

Дали Цукеберг ќе заврши взатвор или ќе биде приморан да ја продаде компанијата е само прашање на време кога ќе се случи едно од тоа. Европсккиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур, соопшти портпаролот на ЕП. Независно од тоа дали поканата ќе биде прифатена, ЕП на пленарна седница ќе расправа за случајот со незаконско споделување податоци на социјалната мрежа со фирмата „Кембриџ аналитика“. Портпаролот истакна дека не се предвидува усвојување резолуција за ова прашање.…

повеќе

Петстотини најбогати изгубија 128 милијарди долари во само пет дена

Од понеделникот до денес и откако американските акции забележаа пад три дена по ред, најбогатите 500 луѓе на планетата загубиле вкупно 128 милијарди долари, соопшти „Блумберг“. Американски милијардери загубиле вкупно 55 милијарди долари, а зад нив следат најбогатите Кинези, кои се простија од 14 милијарди долари. Најголема сума загуби американскиот инвеститор Ворен Бафет, и тоа 3,74 милијарди долрари, па сега неговото богатство изнесува „само“ 86,7 милијарди. Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукербер, останал без 3,71 милијарди долари.

повеќе

„Кока-кола“ забележа загуба од 2,75 милијарди долари

Американската компанија „Кока-кола“ забележа загуба во последниот квартал од минатата година поради порастот на даночните обврски на 3,6 милијарди долари, што е последица на неодамна усвоените измени на даночните закони во САД. Компанијата пријавила загуба од 2,75 милијарди долари или 65 центи по акција. Приходите на  компанијата, исто така, паднале, откако најголемиот производител на безалкохолни пијалоци во светот го продава бизнисот за флаширање. Приходите паднале за 20 отсто на 7,51 милијарди долари, но сепак ги надминале проекциите на „Вол стрит“ кои предвидувале износ од 7,36 милијарди долари. Аналитичарите уште претходно…

повеќе

Директорот на Фолксваген осуден на седум години затвор

Поранешниот директор на германската фабрика за автомобили „Фолксваген“, кој на почетокот на оваа година беше уапсен во САД во рамки на аферата „Дизелгејт“, е осуден на максимална казна од седум години затвор во судот во САД. Оливер Шмит (48), германски државјанин кој се изјасни за виновен во замена за помала казна, ќе мора да плати и парична казна од 400.000 американски долари, соопшти портпаролот на федералниот суд во Детроит, Мичиген. Шмит пред судот рече дека направил лоши одлуки и дека жали за тоа. Судот утврди дека тој учествувал во измама…

повеќе

Џенерал Електрикс се распаѓа со сијалицата, нејзиното најиконографско достигнување

“Џенерал електрик” се ослободува од сијалицата, најкористен производ на 125-годишното постоење на ГЕ. Откривајќи ја патеката на ГЕ, новиот извршен директор Џон Фланери рече дека компанијата ќе се фокусира на нејзините бизниси за здравје, енергија и воздухопловство. Осветлувањето не го направи сечењето дел од иднината на ГЕ. Самата вест не е шок: Компанијата во јули објави дека бара да го продаде својот бизнис за осветлување. Осветлувањето е далеку од најмалата поделба на GE, што претставува нешто помалку од 2% од вкупниот приход на компанијата. И продажбата на сијалица досега падна…

повеќе