Западниот Балкан страв за инвестирање на банките – ММФ

Недоволно финансирање, големо ниво на лоши кредити и лоши стечајни постапки го забавуваат растот на кредитирањето од банките во шесте земји на Западен Балкан, се наведува во извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Надворешното финансирање на банките порасна за повеќе од 500 проценти пред 2008 година, што го зголеми економскиот раст во шесте земји- Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Во тој период, 70 до 95 проценти од банкарските средства во земјите беа контролирани од странски банки, повеќето со седиште во ЕУ. Но, осум години по почетокот на…

Добил отказ бидејќи доаѓал порано на работа

Вработен во филијала на синџирот супермаркети „Lidl“ во Барселона, по 12 години работа добил отказ од фирмата бидејќи доаѓал многу рано на работа. Според шпанскиот весник „El Pais“, вредниот работник Жан П. доаѓал на работа најмалку еден час пред почетокот на смената и „почнувал да ја подготвува продавницата за отворање“. Во одлуката за отказот стои дека „има тешко прекршување на правилата за работа“, бидејќи Жан, без да се пријави, доаѓал порано на работа, „правел нарачки, менувал цени и редел производи низ супермаркетот“. Каталонската филијала на германскиот синџир супермаркети наведува дека…

Грузија за 9 години стана ТОП Реформатор

Од 2004 до 2013 година, Грузија направи длабоки и сериозни реформи кои ја претворија земјата во топ реформатор не само во регионот, туку и пошироко. Она што во последните девет години се случуваше во Грузија, денес е студија на случај, која се изучува на многу факултети низ светот, како пример како една земја може да се трансформира. Капитал од прва рака,  ви ги пренесува, реформите кои ги направи сега веќе поранешниот премиер на оваа држава, Ника Гилаури, а кои ги пренесе на денешниот Економски самит во организација на Македонија 2025. Само…

Германија во потрага по работници – над милион слободни работни места

6. НОЕМВРИ 2017 – 17:36 | МАКФАКС Расте побарувачката за работна сила во Германија. Во третиот квартал годинава биле отворени дури 175 илјади работни места повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ). „Во споредба со минатата година, побарувачката особено се зголемила во преработувачкиот сектор, прометот и логистиката“, вели Александар Кубис од ИАБ. Оваа година се отворени 1.097.600 нови работни места. Има потреба од работници и во секторот услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка има во малите фирми со околу 50-тина вработени.…