Обилни врнежи од дожд и снег во Македонија

За следните денови се најавува стабилно и суво време. Пресврт се очекува во сабота кога врнежи од дожд ќе ја „нападнат“ Македонија. Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Од недела кон понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но на планините.  

Доаѓа едно од најтоплите лета во историјата

Метеоролозите предупредија дека после тропската пролет, доаѓа едно од десетте најтопли лета во историјата. Иако календарски летото уште не е пристигнато, во регионот веќе беа регистирани четири топлотни бранови. Според метеоролозите во јули и август се очекува појава на топлотни бранови. Летото ќе биде сушно, а врнежите од дожд ќе бидат под просекот. Сончевиот циклус трае отприлика 11 години, а за тоа време Сонцето достигнува соларен максимум, а потоа и соларен минимум. Последен пат кога Сонцето постигнало соларен минимум, тоа довело до „ мини“ ледено време, научно познарно како „Маундеров…

Метеоролозите предупредуваат – Македонија во портокалова фаза

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог, Поради што е издадено и предупредување од портокалова фаза. Утринската темепратура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 19 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне…

Сончево и топло време, температури до 31 степен

Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време со температура од 11 до 28 степени. Според УХМР, ќе продолжи периодот на топло време, во попладневните часови со умерен…

Објавена долгорочна прогноза – какво време не очекува во мај, не е како што беше најавено

На страната на „Акуведр“ е објавена долгорочна временска прогноза може да очекуваме во наредниот период во Македонија. Иако за овој период се најавува секогаш сончево време, сепак според прогнозата скоро половина од месецот ќе имаме врнежливи денови. Во периодот до 29. април не очекува сончево време, со повремени врнежи од дожд. Стабилно време ќе имаме од 30. до 3 мај. Во периодот од 4. до 8 . нѐ очеува променливо веме со повремени локални врнежи. Некаде од 23. мај па се до крајот на месецот се очекуваат повеќе врнежливи денови,…

Топлотен бран ќе ја зафати Европа

Во следните пет дена во Европа температурата на воздухот ќе биде поголема од просечната за ова време од годината, прогнозира „Север Ведер Јуроп” (СВЕ). Во Централна Европа и делови од Скандинавија ќе има до десет степени Целзиусови повеќе од просечните температури за ова време од годината. – Во поголем дел од континентот пристигнува многу топол период. Само во Скандинавија ќе биде поладно, но сепак потопло од просекот за ова време од годината, прогнозира СВЕ. За Балканот се најавува можност од бура и грмотевици, како и силен дожд и силни ветрови. МИА

ТЕМПЕРАТУРИ ДО -15 СТЕПЕНИ ДО НОВА ГОДИНА – МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ,,ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ,,

Температури длабоко под нула наутро најавуваат метеоролозите до крајот на оваа недела. Најстудено се очекува да биде во четврток кога во градовите температурите ќе одат и до минус 15, а дневните нема да надминат 1 степен. Во Скопје се очекува слично време со температури од околу минус 10 наутро и 0 степени максимално во текот на денот. Услови за врнежи од дожд и снег ќе се јават во сабота, но тие ќе бидат локализирани. Слично време ќе имаме до крајот на годината. Не` очекува релативно сончево време, но и ниски…

Снег за Свети Никола – следи промена на времето

Метеоролозите прогнозираат дека утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, ќе има и повремено провејување на снег, особено во североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Потоа следува период на суво и студено време со ниски утрински и дневни температури.

Пресврт во времето- УХМР со нови информации за неделава

Времето денес во Македонија беше сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата се движеше од три до 13 степени. Во Скопје беше сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата достигна до девет степени. Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои утре на повеќето места ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Облачно со слаби врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од седум до 13. Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени. В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Врнежите…