Трамп и Мун разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Претседателите на Јужна Кореја и на САД, Мун Џае-ин и Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор ја потврдија решеноста за воспоставување на мир и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Телефонскиот разговор е воочи патувањето на специјалниот претставник на Мун, Чунг Еуи-јонг и јужнокорејска делегација во Пјонгјанг. – Претседателот Мун објасни дека планира да испрати делегација во Северна Кореја, како дел од подготовките за самитот на Јужна и Северна Кореја, а разговараа и за воспоставување на постојан мир на Корејскиот Полуостров преку целосна денуклеаризација – се наведува…

повеќе

Ердоган: Од никого нема да бараме дозвола за да купиме ракетен систем од Русија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека неговата земја нема намера од некого да бара дозвола за купување на ракетниот систем „С-400“ од Русија. „Со Русија постигнавме договор за одбранбениот систем С-400, а некои се загрижени за тоа. Жал ми е, но ние нема од никого да бараме дозвола“, изјави Ердоган за турскиот весник „Милијет“. Турскиот претседател на 31. август изрази надеж дека ракетните системи ќе бидат испорачани што е можно поскоро, потсетува „Тасс“. Веста за руско-турските преговори за испорака на системот „С-400“ за првпат се појави во ноември 2016…

повеќе

Папата Франциск за педофилијата: Повеќе нема криење свештеници

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети. Папата Франциско побара прошка за болката на жртвите и оцени дека католиците треба да бидат вклучени во напорите за искоренување на сексуалното злоставување во Црквата. Папата ја осуди свештеничката култура свртена кон себе, што резултира со злоупотреба и поголема загриженост меѓу црковните водачи за сопствената репутација отколку за безбедноста на децата. – Ние не покажавме загриженост за најмладите, ги оставивме, оцени папата Франциско.

повеќе

Нов Зеланд со закон им дозволи само на своите државјани да купуваат куќи во земјата

Нов Зеланд усвои закон со кој на повеќето странци нема да им биде дозволено да купуваат куќи во таа земја, која се обидува да го спречи растот на цените на надвежности. Досега пазарот за недвижности на Нов Зеланд бил отворен за инвеститори од целиот свет, но Владата усвои закон со кој само државјаните на таа земја ќе можат да купуваат куќи. Статистичките податоци покажуваат дека околу три отсто од новозеландските куќи им се продадени на странци, но и дека дошло до пораст од пет отсто во живописниот регион Квинстаун и…

повеќе

Германија воведе трет пол, ниту машки, ниту женски, во официјалните регистри

Германската влада денеска одобрила во официјалните регистри на државата да се воведе трет пол, па секој ќе може да се запише дека е „различен“, односно дека не е ниту маж, ниту жена, туку нешто трето, различно, пренесе АП. За ова одлука има донесено федералниот Уставен суд уште во ноември минатата година. Покрај различен, тие што не сакаат да бидат маж или жена, можат едноставно да ја прескокнат графата. Решението било донесено по предмет поведен од човек кој сакал, заведениот женски пол да му биде сменет во интерсексуален/различен, но не му…

повеќе

„Прашајте ги вашите дедовци“ им порача Шојгу на Германците

Рускиот министер за одбрана ја потсети  германската колешка дека пристапот кон Москва од „позиција на единство и сила“, не е најмудливата идеја, потсетувајќи на горчливата историја од Втората светска војна поради која Берлин треба да биде повнимателен. „Ние сме отворени за дијалог. Ние сме подготвени за нормална соработка, но воопшто не од позиција на сила “, изјави Сергеј Шојгу за телевизијата Росија 24. „Сигурно се надевам дека времето кога со нас се разговарало – како што некогаш некои велеа – како земја од втор или трет ред, сега е неповратно…

повеќе

Мајкл Малуф, поранешен претставник на Пентагон: Една надворешна политика води Трамп, друга Трамповата админстрација

Одлуката на американскиот Стејт департмент да ја обвини Русија за труењето на Сергеј Скрипал без доказ е како „да си играте со ќибритчиња во соба полна со бензин“, изјавил Џим Џатрас, поранешен американски дипломат. Објавата на санкции вчера е донесена и покрај фактот што САД се целосно свесни дека Русија не е одговорна за труењето на Скрипал во Салисбури, Велика Британија во март. -Ова е политичко барање…креирано со цел директно да се ослаби Трамп со предлози од администрацијата на претседателот Трамп, како и сенаторот Рон Пол, кој сега е во…

повеќе

Ердоган до САД: Ќе загубите важен сојузник

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди САД да внимаваат на своето однесување, бидејќи им се заканува да загубат многу важен сојузник. Односите меѓу двете земји се затегнати поради американското одбивање да го екстрадираат Фетула Ѓулен, како и турското апсење на американски протестантски свештеник. Освен за апсењата, двете земји спорат и за набавката на оружје. Во интервју за турската телевизија ТРТ Абер, Ердоган најави меѓународна арбитража доколку САД се повлечат од договорот за снабдување на Турција со најмодерните борбени авиони Ф-35. Откажувањето на договорот е една од можните санкции…

повеќе

Како Грција со Македонија: Нов Зеланд бара Австралија да си го смени знамето!

По теркот на Грција, која во 1990-тите бараше (и доби) од Македонија промена на државното знаме, така и Нов Зеланд преку вршителот на должност премиер ја обвини Австралија за копирање на нивното знаме старо 116 години и побара од Австралијците да излезат со нов дизајн! „Имаме знаме што сме го имале долго време, копирано од Австралија. Тие треба да го променат своето знаме и да го почитуваат фактот дека ние дојдовме таму први“, изјави Винстон Питерс, кој ја заменува премиерката Џасинда Ардерн додека е на породилно отсуство, за државната телевизија ТВНЗ.…

повеќе

Извештај: На Западен Балкан ќе му треба половина век да ги достигне стандардите на ЕУ

На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 годии да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“. Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, во овој извештај е многу мрачна, а меѓу големиот број пречки, освен хроничната економска стагнација, се спомнуваат и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти. – Западниот Балкан од насилните конфликти во 90-тите години надмина многу…

повеќе