Во Грција и Еквадор разбиена меѓународна мрежа за трговија со дрога

Секторот за борба против трговијата со дрога на грчката полиција во соработка со властите на САД и на Еквадор, преку координирани и паралелни акции усепа да разбие меѓународна мрежа, која по морски пат од Јужна Америка пренесувала големи количества кокаин наменет за светскиот нарко пазар, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти грчката полиција, уапсени се вкупно девет лица на возраст од 23 до 63 години, членови на меѓународната група, од кои тројца во Грција, а шестмина во Еквадор, а запленети се 382 килограми кокаин пронајдени на едрилица…

повеќе

Руските вооружени сили преземаат мерки против кибер-напади

Руските вооружени сили преземаат мерки за заштита на своите комуникации, бидејќи многу земји ги зајакнале своите капацитети за изведување на кибер-напади, соопшти денеска висок руски претставник. – Во моментов, многу земји ги развиваат своите технологии во тие цели, изјави Јуриј Кузњецов, началникот на Руската служба за заштита на државни тајни. Тој нагласи дека, земајќи ги предвид сите закани по информатичката безбедност, неговата служба во моментов работи на обезбедување на безбедноста на информатичката технологија на руското Министерство за одбрана. Исто така, во тек се напори за спречување и елиминација на кибер-…

повеќе

Во Иран запленети шест тони хероин наменет за Европа

Иранските власти запленија повеќе од шест тони хероин наменет за европскиот пазар и разбија пет меѓународни криминални групи кои шверцувале дрога, јавија иранските медиуми. Во една од главните криминални групи, меѓу 11-те уапсени имало и Европејци. Иранските власти не прецизираа од кои земји се приведените, ниту, пак, за датумот кога е спроведена акцијата. Шверцот на дрога претставува сериозен предизвик за Исламска Република која граничи со Авганистан, најголемиот производител на опиум на светот и Пакистан, главната земја за транзит на дрога. Италијанската полиција минатата година откри 270 килограми хероин скриен во…

повеќе

„Револуцијата“ на Бенон го вклучи алармот во Европа

Популистите и десничарите дојдоа на власт во Италија, Унгарија и во Австрија, а сега поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп има планови да го зголеми нивниот број во Европа Бившиот советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, сонува за десничарска „супергрупа“ што ќе ги постави популистички темели во Европскиот парламент по наредните европски избори. Но неговите планови наидоа на остра реакција од целиот политички спектар. Иако еден германски министер ги нападна „омразата и лагите“ на Бенон, некои популистички политичари во Европа не беа импресионирани од идејата на еден Американец,…

повеќе

Во Париз ЕРДОГАН и Трамп ја искористиле приликата за да поразговарат за нивните односи

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп, синоќа разговарале за време на вечерата што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, јави агенцијата Анадолија. Ердоган во Париз присуствува на церемонијата на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна. Вечерата ја организираше Макрон во чест на светските лидери кои дојдоа во Париз за да присуствуваат на настанот. Седејќи еден до друг, Ердоган и Трамп имаа кус разговор, јави Анадолија. Турскиот весник „Милиет“, пак, објави дека Трамп и Ердоган зборувале „на нога“ за време…

повеќе

Сто години од крајот на Првата светска војна

Денеска се одбележува 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а централната манифестација ќе биде одржана во Париз со присуство на повеќе од 80 шефови на држави и влади на земјите учеснички во Големата војна. Меѓу учесниците на свеченоста во Париз, чиј домаќин е претседателот на Франција Емануел Макрон, меѓу другите, се и претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. Освен земјите победнички во Првата светска војна, на одбележувањето ќе присуствуваат и претставници на поразените земји, како Германија која ја претставува канцеларката Ангела Меркел. Главната церемонија…

повеќе

Трамп: Многу е навредлив предлогот на Макрон за европска војска

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва го оцеби како „многу навредлив“ предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа треба да формира сопствена војска за да се заштити од Кина, Русија и САД. – Тоа е многу навредливо, но можеби Европа најпрво треба да го плати својот праведен дел во НАТО, кој САД во голема мерка го субвенционираат, напиша Трамп на својот налог на Твитер, по пристигнувањето во Франција, каде треба да се состане со својот француски колега, пренесе Танјуг. Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна „вистинска…

повеќе

АНКЕТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ: Марин Ле Пен има поголема поддршка од Макрон

АНКЕТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ: Марин Ле Пен има поголема поддршка од Макрон / 04.11.2018 Француската крајно десничарска партија Национален фронт, предводена од страна на Марин Ле Пен, првпат ја претрка партија на францускиот претседател Емануел Макрон, центристичката Република во движење на анкета за намерите на гласачите пред изборите за новиот состав на Европскиот парламент. Според резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот ИФОП објавена денеска, партијата на Макрон ужива доверба од 19 отсто од анкетираните Французи – за еден процент помалку отколку во август, а партијата на Ле Пен…

повеќе

Податоците на илјадници руски богаташи осамнаа на интернет

На илјадници богати лица од Москва денеска им беа објавени личните податоци на Интернет. Објавени се имиња, адреси за домување и броеви на мобилни телефони. Сите лица, на кои им се објавени податоците, се клиенти на московскиот интернет провајдер „Акадо Телеком”, компанија во сопственост на милијардерот Виктор Векселберг. Компанијата соопшти дека истрагата е во тек. По увидот во објавените информации, препознаен е телефонски број на висок претставник на руската Влада, потоа на познат режисер, како и роднина на еден од најистакнатите бизнисмени. – Сите податоци се објавени во базата на…

повеќе

Путин: Нема споредба на новото руско оружје со друго во светот

Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. На состанокот со високи воени офицери и полициски претставници, претседателот нагласи дека „Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола на вооружувањето”. Путин ова го кажа истиот ден кога НАТО во Норвешка ги започна најголемите воени вежби во светот од крајот на Студената војна со околу 55.000 припадници на војската. Најавата на Путин уследи откако американскиот претседател…

повеќе