Голем успех и победа за младите битолски хакери, учесници на Хакатонот од Мusic Tech Fest

Голем успех на македонскот тим, учесници на првиот Music Tech Fest, кој викендот се одржа во Битола, како прв пандан настан на Music Tech Fest – Стохолм. Битолските хакери Андреј Антуновиќ и Андреј Мицков кои како дел од мешаниот тим со хакери од САД и Шведска беа дел од Hackathon / Хакатон кој работеше на темата „ Geographically Challenged Creativity – Remote Development Challenge“. Уште еден тим и старт- ап, се собраа заедно за да го прошират производот и да му дадат можна иднина како хардверски и софтверски производ и…

повеќе

AI помага во третмани на пациенти со канцер

Пациенти со глиобластомa, малиген тумор во мозокот или рбетниот столб, типично живеат не повеќе од 5 години по добивањето на дијагнозата. Тие 5 години знаат да бидат болни, бидејќи во обид да се минимизира туморот, докторите често препишуваат комбинација од терапија со радијација и лекови кои имаат многу лоши несакани ефекти. Сега, истражувачи од MIT Media Lab развиле систем со вештачка интелигенција (AI) кој може да ја одреди минималната доза лекови потребна за ефективно да се намалат туморите. За да го креираат, тие ја искористиле техниката за тренирање наречена „зајакнато…

повеќе

Google Chrome ќе има нов изглед, а еве како веднаш да го вклучите

Новиот дизајн веќе одреден период е во подготовка, а по достапноста во Chrome Canary, корисниците сега може да го вклучат и во официјалната верзија од прелистувачот. Како што можевме да прочитаме неколку пати до сега, Google спрема редизајн на корисничкиот интерфејс на Chrome прелистувачот, а од тоа што можевме да видиме досега, тој значително ќе го промени неговиот изглед. Досега новиот дизајн можеше да се вклучи во тест верзиите на Chrome, за потоа да стане стандарден во најновата Chrome Canary верзија за програмерите. Од најновата стабилна, односно официјална верзија од Chrome за…

повеќе

Наскоро тргнуваме во вселената: Лансирано летало за туристи (ВИДЕО)

Компанијата „Вирџин Галактик“ успешно изврши трето тестирање на својот вселенски брод за туристичи патувања. Компанијата соопшти дека леталото достигнало двојно поголема брзина од звукот и надморска висина од 52 километри. Бродот полета со носачи на вселенски авиони од надморска висина од 14 километри. Компанијата на милијардерот Риџард Бренсон по овој тест, кој помина успешно, уште еден чекор поблиску до букирање карти за туристичко разгледување на вселената. По последната проба Бренсон изјави дека Вирџин Галактик го делат две или три години од првиот туристички лет. Листата на чекање за вселенските излети…

повеќе

Ќе би бидат од голема корист, а до сега не сте ги знаеле: Тајните опции на вашиот мобилен телефон

Не е тајна дека нашиот живот стана многу полесен сега кога имаме мобилен телефон на дофат на рака. Најразличните апликации добро ни доаѓаат во различни ситуации кога времето ни е драгоцено. Меѓутоа, вашите омилени направи имаат многу функции за кои сигурно не сте слушнале, ниту пак сте ги откриле. Погледнете какви се тајни кријат паметните телефони и како можат да ви станат уште покорисни во иднина. Брзо полнење Ако батеријата ви е скоро празна и немате многу време на располагање, најдобрата опција е airplane mode. Батеријата ќе се наполни многу…

повеќе

Научници открија подземно „езеро“ со течна вода на јужниот пол на Црвената планета

Научници на Марс открија докази за постоење на течна вода, пренесуваат светските агенции. Откриеното „езеро“ се наоѓа под јужната поларна ледена капа на Црвената планета, а дијаметарот му е околу 20 километри. Научниците тврдат дека повеќе од четири децении трагаат по течна вода на Марс бидејќи во неа можеби можат да се најдат живи организми. Но досега главно беа наоѓани нејзини траги од минатото, и некакви траги на денешно топење мраз измешан со песок. Ова се први докази за постоење постојано тело на тешна вода на планетата денес. Водата била откриена со…

повеќе

БЕЛГИСКА КОМПАНИЈА ПРОИЗВЕДЕ МИКРО ХИДРОЦЕНТРАЛИ КОИ МОЖЕТЕ И САМИ ДА ГИ ИНСТАЛИРАТЕ (ВИДЕО)

Белгиската компанија „Турбулент“ произведе мала турбина која може да се користи за децентрализирано производство на електрична енергија за сопствени потреби, или за потребите на помали села или населби. Технологијата може да снабди до 60 домаќинства со електрична енергија, а за да почне да произведува струја потребен и е било каков воден тек (река, брзак, водопад). Турбината се поставува веднаш до коритото на водната површина, а околу неа се прави бетонско корито преку кое се насочува дел од водата. Турбината креира природен брзак кој не е опасен по живиот свет во…

повеќе

Со овој трик не само што ќе го продолжите векот на клима уредот, туку и ќе спречите многу болести

Летото почна, а скоро сите не можат да го замислат денот без клима уред. Иако секојдневно ви го разладуваат денот, многумина се прашуваат колку се опасни микроорганизмите кои ги испуштаат и како најласно да се решите од нив. Сепак, како што објаснуваат ескпертите, не треба да се грижите, клима уредите имаат вградени филтери кои не пропуштаат никакви бактерии или паразити. Важно е само редовно да се чистат и менуваат. Така најсигурно ќе спречите појава на болести, кои се појавуваат поради микроорганизмите. Наводно, филтрите треба да се чистат два пати годишно,…

повеќе

„Фејсбук“ ќе нè потсетува колку знае за нас

„Фејсбук“ постојано го нагласува фактот дека секој од нас избира каква содржина да сподели на неговиот или нејзиниот профил и кој може да ја види. Меѓутоа, може да биде многу тешко да се пристапи до сите информации што компанијата ги чува за вашата активност во социјалната мрежа. Проблемот овде е дека „Фејсбук“ доста често, без знаење на корисниците, споделува податоци за активностите со нивните партнери за рекламирање. Непотребно е да се каже, оваа практика не им се допаѓа на многу луѓе. Тој веќе експериментира со нова функција, наречена „Memories“ (спомени), и ќе…

повеќе

„Тесла“ ќе воведе целосен автопилот од август 2018 година

  Шефот на „Тесла“, Елон Маск ги откри плановите на компанијата да започне да имплементира комплетен систем за самоуправување (автопилот) во своите електрични автомобили уште во август оваа година. Автопилотот досега се користеше, пред се, за подобрување на безбедноста во движење и маневрирање. Системот нуди функции како адаптивна контрола на патувањето, автоматско паркирање, предупредување за опасност и друго. Во август оваа година американскиот производител на електрични автомобили ќе ја лансира новата верзија на софтверот за автопилот „Тесла Вержн 9“, соопшти „Енгаџет“. Токму со излегување на оваа надградба ќе започне имплементацијата…

повеќе